2Денеска ќе биде пуштена во употреба целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода
3МНР платило однапред милион евра пред евакуациските летови од Блискиот Исток, иако законски смеело да плати само 20 отсто
МакедонијаМедицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛМедицинската сестра околу 7.30 часот утринава пред почетокот на утринската смена на КАРИЛ била истепана и навредувана од страна на роднини чиј близок починал на оваа клиника.Вработената била дежурна кога нивниот близок бил сместен на интензивната нега. Роднината починал, а напаѓачите ја пречекале и почнале да ја удираат и да ја навредуваат и се заканиле дека ова тука нема да заврши и заминале. Таа нема тешки телесни повреди, но се уште е во шок и била веднаш упатена на боледување. Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека по инцидентот разговарал со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и побарал полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на овој оддел. Ова не е прв инцидент во комплексот „Мајка Тереза“.Слична судбина имаше и медицинска сестра на клиниката за гинекологија кога физички била нападната од роднина на родилка. Пред скоро три години хирург од дигестивна хирургија беше нападнат со огнено оружје, 37 годишниот напаѓач испукал 7 куршуми од кои два завршија во докторот. Напаѓачот доби 5 години затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураБалкански музички плоштад во ОхридСиноќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ .Синоќа во просториите на Аудиокултура во Скопје беше отворенo 15-то издание на интернационалниот музички фестивал Балкански Музички Плоштад (Balkan Music Square) со настап на џез триото “Трицкл“ составено од студенти и дипломци на џез академијата “Гоце Делчев“ од Штип. Фестивалот продолжува во Охрид со следните две фестивалски вечери. На 20-ти Јуни настапуваат: Елена Христова од Баклава, а потоа групата ВИС Билјана од Охрид. Фестивалот го затвара на 21-ви Јуни популарниот македонски гитаристи и композитор Владимир Четкар со својот бенд. Двете фестивалски вечери ќе се одржат во Центарот за култура Григор Прличев со почеток во 20 ч, а влезот е слободен. И оваа година фестивалот се одржува во чест на Денот на Охридското езеро 21-ви Јуни, а еколошка порака гласи: “Езерото не е контејнер, чувај го чисто!“. Организатор на Фестивалот Балкански Музички Плоштад е продуцентската куќа “Трето Уво“, а истиот е поддржан од Министерството за Култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАргентинец потпиша за Тотенхем Поранешниот аргентински играч на Борнмут, Маркос Сенеси, е ново засилување за Тотенхем, објави лондонскиот клуб.Во соопштението се наведува дека Сенеси ќе се приклучи на Тотенхем на 1 јули, бидејќи договорот на аргентинскиот фудбалер со Борнмут истекува на 30 јуни. „Многу е посебно чувство да се биде играч на Тотенхем. Сакам да освојувам титули со Тотенхем и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“, рече Сенеси, објави официјалната веб-страница на Тотенхем. Сенеси (29) пристигна во Борнмут во 2022 година, а пред тоа играше за Феенорд и Сан Лоренцо. Одигра три натпревари за аргентинската репрезентација, но не беше вклучен во конечниот список на фудбалери на „гаучосите“ за Светското првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
АвтомобилизамВидеолотарија овој викенд навива за Игор Стефановски Иџе кој е пред нов предизвик во ГерманијаПо исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen.За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше пред инцидентот. Работевме ден и ноќ за да го приспособиме и подготвиме колку што е можно подобро за настапот во Германија, споделува Иџе. Во овој момент, најважно е техничката комисија на FIA по деталната проверка која ќе се изврши во петок, да ни даде зелено светло за настап. Тоа е првата и најголема битка што треба да ја добиеме пред воопшто да застанеме на стартот, додава Стефановски. Се надевам дека се’ ќе биде во ред и дека ќе можеме да се бориме за што подобар резултат. Сигурно е дека ова ќе биде една од најпредизвикувачките трки сезонава, не само за мене туку и за целиот тим, кој вложува огромен труд за да останеме конкурентни во шампионатот, смета Стефановски. Веднаш по завршувањето на трката во Германија, автомобилот ќе замине во Ferrari во Италија на детален преглед и целосна санација на оштетувањата, со цел повторно да биде подготвен на највисоко ниво за следните предизвици. „Никогаш не се предаваме. Кога е најтешко, тогаш се гледа вистинскиот карактер на шампионите. Овој викенд нема да биде лесен, но ќе дадеме максимум за да ја претставиме Македонија на најдобар можен начин.“ Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook