Поправен мостот кај Градско, од вечерва железнички сообраќај Велес-Гевгелија

Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се направени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно член 27 од Правилникот за начинот на одржување.

Бетонскиот мост на железничката пруга меѓу станицата Градско и крстосницата Кукуричани поради кој во прекин беше железничкиот сообраќај на Коридорот 10 е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, соопшти денеска Македонски железници Инфраструктура.

Оттаму информираат дека пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се направени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно член 27 од Правилникот за начинот на одржување, начинот на водење на евиденцијаи користењето на податоците од евиденцијата на долниот строј на пругите.

При санација на мостот е извршена заштита од понатамошно поткопување на двата средни столба, направени се бунари со длабочина од осум до 12 метри за преземање на товарите од мостовската конструкција кај првиот среден столб, армирање и бетонирање на темелните греди и на бетонските платна и е подигната е мостовската конструкција на потребното ниво.

Деформациите на мостот над Црна Река, меѓу станиците Градско и Кукуричани предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај од втори минатиот месец на релацијата Велес-Гевгелија. Возовите на релација Скопје – Гевгелија и Гевгелија – Скопје сообраќаа само до Велес и обратно.  Тие  и прекините на железничкиот сообраќај при реконструкцијата на патот во Србија од 24 септемрви до 19 минатиот месец го намалија обем на превоз на МЖ Транспорт на Коридор 10.

Како што информираа за МИА од МЖ Транспорт, од почетокот на прекинот до 2-ри месецов со намалувањето на приходите од извршениот превоз претрпеле директната материјална штета од 84.500.000 денари.

Најмалку 13 туристи загинаа во автобуска несреќа во Лаос (ВИДЕО)

Најмалку 13 кинески туристи загинаа во сообраќајна несреќа , кога патнички автобус слета од патот во Лаос.

Во несреќата се повредени уште 31 лице , соопшти кинеската амбасада од главниот град на Лаос , Виентијан.Во моментот на несреќата во автобусот имало 44 кинески туристи , како и возач и водич , државјани на Лаос. Тие се здобиле со помали повреди.

Несреќата се случила кога автобусот , возејќи на надолнина на тесен пат во близина на историското место Луанг Прабанг , излетал од патот.  

Загина работник по пад од кран на зградата на ФФМ

Попладнево по пад од кран на зградата на ФФМ во Ново Лисиче , загина 56 годишен работник од Скопје.

Работникот на 56 годишна возраст паднал попшладнево околу 16 часот од зградата на ФФМ , каде бил качен на кран и ги чистел прозорците. Тој починал на самотот место и биле неуспешни обидите на докторите од Брзата помош да го реанимираат.

МВР потврди дека лицето В.П од Скопје паднало и починало на лице место додека извршувало градежни работи на зградата, а надлежен јавен обвинител работи на утврдување на причините за несреќата.

Саудијките добија уште едно право – може да патуваат без дозвола од сопругот

Саудиска Арабија донесе уште една кралска уредба , со која на возрасните жени им се дозволува да патуваат без дозвола од сопругот.

Властите започнаа со укинување на ограничувањата во последните години. Минатата година ја укинаа забраната со која на жените не им беше дозволено да возат . Серија кралски уредби беа донесени во текот на овој месец бидејќи кралството е под зголемена контрола за злоупотреби на човековите права.

Саудискиот пасош може да му се издаде на секој граѓанин кој аплицира за тоа, а на секое лице над 21 година не му е потребна дозвола за патување, се наведува во денешната уредба.

За прв пат, на жените им се гарантира право да пријават раѓање на своето дете, да аплицираат за брак или развод, да бараат официјални документи за семејството или да станат старатели на малолетни лица.

Еден саудиски весник објави дека повеќе од 1000 жени од источната провинција на Саудиска Арабија заминале вчера без дозвола за старателка во она што се чини дека е прва примена на новите правила.

притисни ентер