ЦСКА Москва со трета победа во Евролигата

 Екипата на ЦСКА Москва ја забележа третата последователна победа во кошаркарската Евролига по успехот над турскиот тим Дарушафака со 79:75.

„Армејците“ губеа со седум поени на полувремето, но тие одиграа многу силна трета четвртина, во која поведоа и го задржаа водството до крајот. 

Со победата, ЦСКА е на врвот на табелата со шест поени.

Барселона, пак, го совлада Баерн Минхен со 83:73 во уште еден натпревар од третиот круг. Анте Томиќ постигна 18 поени за Барса, а за Баварците со 16 поени заврши Ло Маодо.

За Барселона ова е прва победа во првите три натпревари од Евролигата и тимот го зазема седмото место на табелата. Баерн има слични индикатори и е на деветата позиција.

Панатинаикос ја победи Гран Канарија со 102:87. Дуелот беше изедначен само во првиот дел, по што Грците направија солидно водство, кое го одржуваа до крај. Кит Лангфорд и Лукас Лекавикус постигнаа 16 поени за победата.

Макаби Тел Авив ја забележа првата победа за сезоната по 78:68 над Будуќност. Скоти Вилбакин постигна 28 поени за Макаби.

Натпревари од 3.коло во Евролига:

ЦСКА Москва - Дарушафака 79:75

Будуќност - Макаби Тел Авив 68:78

Панатинаикос - Гран Канарија 102:87

Барселона - Баерн Минхен 83:73.

Со фудбалски натпревар ќе се одбележува 13-ти ноември

Утре по повод 13 ноември , денот на ослободување на град Скопје се организира ревијален натпревар меѓу ветераните на Црвена Ѕвезда и ветераните на македонскиот фудбал.

Натпреварот ќе се одржи во вторник со почеток во 13 часот на теренот на ФК Работнички .

Овој меч ќе го симболизира пријателството меѓу двете земји и афирмацијата на фудбалот во нашата земја .

Окон му ја ,,изработи” победата на Хамилтон – го закачи Ферстапен

Возачот на Мерцедес , Луис Хамилтон нанижа уште една победа во Формула 1, денеска во Бразил .

Бритаецот до пред крај на трката се сметаше дека ќе го освои второто место , но Естебан Окон го запре Макс Ферстапен , кој беше најсериозен кандидат за шампион.

Холанѓанецот возеше одлично и во 40 круг го претекна Хамилтон , кој беше пред победа. Но , во моментот кога Ферстапен требаше рутински да го претрка Естебан Окон , следуваше инцидент.

Окон иницираше контакт и тоа беше доволно болидот на Ферстапен да излета од патеката.

Хамилтон тоа го искористи и до крајот на трката остана на челната позиција. Трет пристигна Кими Раиконен, а четврт Даниел Рикардо.

Ковач по изгубеното дерби на чекор до отказ

Во големото дерби на германското првенство Борусија Дортмунд го совлада Баерн на домашен терен со 3:2 .

Борусија со победата ја зголеми предноста на седум бодови.  Нико Ковач , кој беше под голем притисок пред дербито , по поразот од Борусија Дортмунд може да се соочи со клупската управа.

Во дуелот Бајерн два пати беше во водство со головите на Роберт Левандовски , но на крајот попушти , а одбраната покажа бројни слабости.

Во 95 минута Левандовски постигна и трет гол за изедначување , но беше поништен поради оправдан офсајд.

Ковач и натаму ќе биде под голем притисок , бидејќи клубот од Минхен не бил толку на ниско место во германското првенство. 

притисни ентер