Во интервјуто објавено на сајтот на Министерството за надворешни работи , Лавров вели дека станува збор за провокација од патријархот Вартоломеј со јавна и директна поддршка од Вапингтон. ,,Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија и се надевам во секоја нормална држава” , додаде Лавров.
Цариградската патријаршија , по хијерархиската традиција највисока православна црква на светот, вчера по дводневниот состанок на Светиот Синод во Истанбул, ја призна независноста на Украинската Православна Црква , која беше до сега под закрила на Руската Православна Црква.
Денеска портпаролот на Кремљ, Дмитрој Песков изјави дека Русија ќе ги брани интересите на православните верници во случај на верски немири во Украина.
Од друга страна , украинските власти порачаа дека сакаат да избегнат верска војна и дека ќе ги почитуваат одлуките на епархиите кои сакаат да останат лојални кон Московската патријаршија.