Заврши гроздоберот во Тиквешијата

Заврши бербата на грозје во најголемот лозаровнарски регион во државата, Тиквешкиот. Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари“ вели дека сега се сумираат резултатите од гроздоберот. 

Се утврдуваат количините набрано грозје, постигнатите цени и начинот на плаќање. Слободно може да се каже, нагласува тој за МИА, дека гроздоберската сезона помина без поголеми проблеми. 

- Интересно е да се каже дека голем број на тиквешани својот годишен одмор што им следува на работното место, наместо на море, го искористија крај морето од лозја. Тоа го сторија оние кои имаат сопствени лозови насади, а не можеа да најдат аргати за бербата, поради тоа што голем дел од оние кои порано аргатуваат, сега работат во фабрика. Како второ, годишниот одмор го искористија за на гроздобер оние кои на работа имаат ниски плати, па решија да заработат денар плус со берба на грозје, бидејќи аргатските дневници достигнуваа и до илјада денари. Кој ти дава дваесет илјади денари за дваесет дена работа и тоа со нормално работно време, по ладовина, додава Кулев.

Тој се надева дека доаѓаат подобри денови за лозаровинарството. Вели дека за следната сезона, лозарите порано ќе ги почнат преговорите со винарите со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел повисоки цени за килограм грозје и побрза исплата. 

,,Убив цело семејство павијани” – ловец предизвика ужас (ВИДЕО)

Членот на Комисијата за рибарство и дивеч во американската држава Ајдахо , Блејк Фишер , предизвика ужас на социјалните мрежи и во јавноста со објавените фотографии од ловот во Африка.

Фишер се фали на социјалните мрежи со богатиот улов , како на пример со десетина мајмуни , павијани , со кои позира . Тој и неговата сопруга се фалат дека убиле најмалку 14 животни во Намибија. Тие биле толку горди што убивале животни , па фотографиите ги пратиле на над 100 меилови. Меѓу убиените се жирафа, леопард и антилопи.

Фишер на жестоките критики одговори дека не направил ништо неморално или неетички. Сепак , реакциите на јавноста во САД отидоа дотаму што членовите на неговата комисија побараа оставка од Фишер.

Најстрашна од сите фотографии , која предизвика згрозеност и меѓу ловџиите е онаа со убиените павијани , каде малото мајмунче е погодено со лак и стрела , а Фишер се смее меѓу мртвите тела на животните.

,, Убив цело семејство павијани” , се пофали Фишер на фотографијата објавена на Фејсбук.

Плејбој зајачица од Бразил ја збудале Калифорнија (ФОТО)

Сите останаа со отворена уста , a сообраќајот запре , откако полугола се прошета манекенката Ана Брага .

Мајката и бабата на Бразилката Ана Брага се натпреварувале за мис , така што Ана со право се појави на неколку насловни страници на култниот Плејбој. 36 годишниот модел го привлекува вниманието каде и да се појави.

Во гратчето Калабасас во Калифорнија буквално го запре сообраќајот , кога на улица се појави со провокативна маичка.

Таа тргна на утринско кафе , а направи хаос со маичката под која не носеше градник.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 🎙Ana Braga🎙 (@theanabraga) on

За негативните критики Ана вели: ,, Едноставно ги игнорирам , а оние на моите профили на социјалните мрежи едноставно ги бришам, додека нивните автори ги блокирам. За таквите луѓе имам посебна мантра- Не можете и нема да ме сопрете. Никој не може да ми ја затвори вратата , која Господ ми ја отворил.” , изјави убавата Бразилка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Good morning!

A post shared by 🎙Ana Braga🎙 (@theanabraga) on

Вработените ги третират како стока – компанијата Ryanair подоцна се извини

Вработените ги третираат како стока , исто како и патниците. Ова беа најчестите коментари на социјалните мрежи , откако на Твитер беше објавена фотографија како екипаж на авион спие на под.

Фотографијата објавена на Твитер , на која се гледа како стјуардесите и пилотите на авионите на Рајанер спијат на под во канцеларијата на авиокомпанијата во Малага Шпанија , предизвика жестоки реакции.

Поради лоши временски услови , привремено биле приземјени авионите, а шестмината членови на екипажот ноќта ја поминале на подот на канцеларијата , без душек и перници. Станува збор за екипаж на авионот Ryanair 737 , со седиште во Португалија.

По жестоките реакции , се огласи и оперативниот шеф на компанијата, Петер Белев , кој потврди дека вработените спиеле на под и се извини што не можеле да им најдат сместување.

,,За жал , сите хотели беа резервирани. Невремето направи многу штета во Португалија. Подоцна екипажот доби ВИП сместување . Им се извинуваме на вработените”, напиша шефот на Ryanair.  

,, Исто вака ги третираат патниците. Ништо ново. Ги третираат вработените како стока”, се само дел од коментарите на фотографијата.

притисни ентер