Заев: Низ инклузивна дебата до двотретинско мнозинство за уставните измени

 Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не може да потврди дали е постигнато двотретинско мнозинство за донесување на уставните измени кои се обврска од договорот од Преспа.

Но изрази оптимизам дека низ инклузивна дебата, како што рече, ќе победи прогресивниот елемент.

- Тоа не може никој да го каже. Тоа може да се каже на моментот на одлучувањето, секако низ дебатата во Парламентот. Јас верувам и ќе видиме сите дали тоа мнозинство постои или не. Нема да дозволиме ништо да се упропасти. Ние разговаравме со многу пратеници, лично јас разговарав, а и пратеници со пратеници и видовме дека постои една убава прогресивна маса на пратеници која што е доволно сериозен мотив и причина да ги отвориме постапките како што тоа вчера Владата го направи. Овие денови се надевам Парламентот брзо ќе закаже Уставна комисија да може да се отвори дебатата. Јас очекувам и низ креативниот дел на пратениците преку уставна дебата да се создава атмосфера благопријатна за сите за да може да се формира тоа двотретинско мнозинство кое што би требало да се формира по природен пат, рече Заев.

Тој додаде дека во тој контекст мора да ги отстрани, како што посочи, сите шпекулации што надвиснале над главите на многу пратеници за некакви пари, незгодни состојби...

- Реков и порано, ова мора да оди во благопријатна атмосфера, во атмосфера на понесување на одговорност и одлучност за иднината на Македонија. Ако сме навистина за НАТО и ЕУ, еве сега институциите низ Парламентот ќе треба тоа да го направат. Владата тоа го направи, сега на ред е Парламентот, рече Заев, посочувајќи дека и граѓаните, оние кои излегоа да гласаат, го одредија правецот по кој треба да се движи државата.

Тој уште еднаш повтори дека пратениците се на ред и дека верува во инклузивен процес, во интегрираност внатре на сите, дека ќе доминира прогресивниот дел.

- Она што мене ми е важно сите да се носиме со одговорноста што е исправена пред нас. Таа одговорност е пред се пред граѓаните и пред државата и таа е првата и примарна одговорност што сите ја имаме. Апелирам до сите политички чинители, до сите учесници во процесот да се носат со нивото на историската одговорност која е исправена пред нас. Убеден сум дека низ пријатна атмосфера и инклузивен, интегрирачки процес во самиот Парламент ќе испратиме уште еднаш позитивна порака пред се до нашите граѓани, но и до сите пријатели каде што сакаме да припаѓаме, а тоа се земјите членки на ЕУ и НАТО дека сме зрело општество кое знае каква ни е иднината и практично покажува дека е навистина за НАТО и ЕУ. Сето друго би било само гола флоскула и политиканство, рече Заев.

Тој ги отфрли како невистинити тврдењата дека се обезбедени 82 пратеника и рече дека процесот не се сведува на математика и бројки, туку треба да се одвива во разговор и мотивација и определба за одговорност.

- Процесот ќе се случува во Парламентот и јас верувам дека тоа ќе изнедри поголемо мнозиство од две третини или двотретинско мнозинство што ќе биде сосема доволно за во првиот наврат да се утврди потребата од уставните промени. Потоа се изработуваат уставните амандмани коишто низ комисиите и јавните дебати доаѓаат на гласање во Парламентот, рече премиерот Заев.

Повтори дека сите надежи ги полага во Парламентот, но како последна опција остануваат брзи предвремени избори.

- Јас сум оптимист и сум релаксиран. Македонија го живее времето убаво историско каде што граѓаните имаат можност и право да одлучуваат. Одлучија. Вчера Владата одлучи, а сега Парламентот ќе одлучува. Назад враќање нема затоа што нема друга алтернатива и опција од интеграцијата во ЕУ и НАТО, порача премиерот Зоран Заев.

Според него, вистинската опција е Парламентот, бидејќи на Македонија не и требаат нови избори.

- Во јавноста доминира дека тоа е таа опција. Вистинската опција е Парламентот. На Македонија не и треба да се трошат нови два-три месеца и сите знаат ако одиме на избори кој ќе победи и какво мнозинство ќе има, дека ќе биде двотретинско. Ама два три месеци отишле. Не траба ниту еден ден да и истрошиме на државата. Роковите се јасни, Деловникот е јасен, а за други рокови ако не дај Боже треба да разговараме ќе има време да разговараме. Верувам дека јавноста е заморена од избори, а не само економијата на која не и требаат избори, рече Заев, кој денеска учествуваше на дебатата насловена: „Мостови или ѕидови? Макаденија и Западниот Балкан во Европа“, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер