Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката - Канал 5

Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката

Цената на конзумното јаболко е добра.

Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката

Владата денеска на седница треба да одлучува за интервентна мерка од три денари за килограм индустриско јаболко, информира за МИА претседателот на Здружението на овоштари во Преспа, Љубе Пампулевски.

Според него, цената за прва класа јаболка се движи од 12 до 15 денари и бележи благ пад од почетокот на бербата кога била меѓу 16 и 18 денари по килограм.

- Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски.

Земјоделската задруга „Крани“, каде е потпретседател, Пампулевски информира дека имала договор со откупно-дистрибутивниот центар „Ејпл ленд“ за 1.000 тони јаболка од сортата ајдарет по цена од 15 денари.

- Во бербата јаболката имаат максимална тежина. Истиот ден се ставаат во гајби и се носат во ладилникот, при што не се губи на килажа, ниту на квалитет, а цената е одлична, вели Пампулевски.

Досега, појасни, биле доставени околу 850 тони и за два до три дена ќе ја испорачаат договорената количина.

Во Преспа годинава се очекува над 130.000 тони јаболка, од кои речиси половината се оштетени од град, кој неколкупати го зафати регионот. Досега, Владата субвенционираше индустриско јаболко предадено во македонски капацитети, но поради големите количини и малите преработувачки капацитети во државата, кои може да откупат 15 до 20 тони, овоштарите бараа субвенционирање и на остатокот што ќе оди за извоз, најчесто во соседните земи. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦ

Легалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.

Ристовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦ

Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар.

На сила остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради.

Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате.

Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните?

Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот.

Почитувани,

Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар.

Нивна единствена намера е до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви.

Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст.

YouTube video

Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Руски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. 

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер