Уставните измени чекаат договор, исходот познат кон средината на неделава

Исходот од обидите да се даде поддршка на уставните измени, најверојатно ќе се знае в среда.

Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во нејзина моќ да го обезбеди двотретинското мнозинство, во спротивно ќе се оди на предвремени избори.

Исходот од обидите да се даде поддршка на уставните измени, најверојатно ќе се знае в среда, кога премирот Зоран Заев, како што рече минатата недела, ќе соопшти дали има мнозинство или политичките субјекти силите ќе мора да ги пресметаат на предвремени избори.

- Веруваме дека ќе имаме некаков резултат до крајот на неделава или почетокот на наредната. Некаде околу 10 октомври е некаков таргет кога треба да и соопштиме на јавноста кои се следните чекори. Се надевам дека ќе имаме можност да соопштиме дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, истакна Заев минатата недела.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вчера излезе со нови барања до власта - предвремени избори со формирање пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори, по кои ќе се избере јавен обвинител со консензус на сите партии.

- Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии, побара Мицкоски.

Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за негова слобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме.

СДСМ останува на ставот дека над 600 илјади граѓани кажаа дека се за ЕУ и НАТО и тоа мора да биде испочитувано.

Од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски побара да престанат да шират измислици и лажни вести и јасно да кажат дали се за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

- Изборот е јасен или ЕУ и НАТО или изолација. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за што е, нагласува владејачката партија.

Меѓудругото СДСМ обвинува дека ова се обиди да му се обезбеди амнестија на Никола Груевски.

А Груевски отфрла какви било обиди за негова амнестија. Тој од својот ФБ профил упати предупредување до неговата партија дека не смее да биде уценета, бидејќи, како што пишува, ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија.

Апелацискиот суд в петокот како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Груевски и во целост ја потврди првостепената пресуда од 23 мај, за затворска казна од две години. Груевски е виновен за поттикнување за извршување на делото за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. Предметот „Тенк“ е прв случај на Специјалното јавно обвинителство што е пред целосно пресудување.

Според ДУИ, пак, сега не е време за предвремени парламентарни избори, туку да се прифати Договорот и да се оди напред.

Партијата, која е коалциски партнер на СДСМ во Владата од минатонеделниот состанок на централното претседателство излезе со заклучок дека во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот.

Оценка на ДУИ е дека со евентуални избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што, пак, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ.

Деновиве во тек се разговори и средби меѓу пратениците со цел да се утврди дали постои можност за двотретинско мнозинство. Дека се разговара со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ потврди и потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири викендов на прес-конфренција.

Тој рече дека се во постојана комуникација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се обезбеди двотретинско мнозинство, а кога ќе има конкретна информација ќе биде соопштена во јавност.

Актуелното собраниско мнозинство има 72 пратеници, а за поддршка на уставните измени се потребни уште осум.

Во меѓувреме американскиот аналитичар Јануш Бугајски вчера излезе со оценка дека Скопје е ново руско упориште на Балканот и дека Кремљ смета на тоа дека Македонија може да стане нова Република Српска.

- Ако се блокира македонскиот пат кон западните институции, националните тензии ќе се зголемат во целиот регион, а Кремљ ќе инвестира дополнителна енергија за да ги загрози кревките демократски достигнувања во Западен Балкан, а ЕУ и НАТО ќе бидат се подалеку, вели Бугајски во изјава за „Побједа“.

Смета дека ако Договорот не се поддржи земјата ќе биде повеќе изложена на етничка радикализација, регионална нестабилност и мешање на Москва.

Единствениот излез на Заев може да биде повик за предвремени избори во ноември, иако тоа само по себе претставува ризичен предлог, со оглед на тоа што националистите се охрабруваат од бојкот на референдумот, оценува американскиот аналитичар.

Предупредува дека доколку Србија и Косово не постигнат договор за промена на границите, некои некои албански лидери, како на Косово, така и во Македонија, можат да видат можност за натамошна етничка хомогенизација, поврзување на територии. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер