Мицкоски: Предвремени избори со пржинска влада или отфрлање на Договорот па избори

Предвремени избори со формирање на пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори.

Предвремени избори со формирање на пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори, по кои ќе се избере јавен обвинител со консензус на сите партии, се двете опции што лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги понуди на денешната прес-конфернеција во седиштето на партијата за, како што рече, излез од политичката криза во земјата.

- Македонија влегува во нова политичка криза. Решението на маса е катастрофално и неприфатливо, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за мнозинството граѓани. Договорот не проаѓа зошто ВМРО-ДПМНЕ води инает, туку власат треба да знае дека народот не го прифаќа. Нова криза ќе ја доуништи економијата, рече Мицкоски.

Посочи дека договорот е постигнат без консензус и со ветување нешто што СДСМ не може да го исполни и на граѓаните и на меѓународните партнери.

- Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии, изјави Мицкоски.

Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за неговаслобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме. Мицкоски рече дека е непринципиелно и не би сакал да верува дека некој воопшто размислува да тргува за нешто за што граѓаните јасно се изјаниле на 30 септември без разлика дали се тоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

Прашан, што ако власта инсистира на избори по скратени рокови и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на такви избори, Мицкоски рече дека тоа што власта сака брзи избори говори каква е желбата на оваа власт да остане и продолжи да го пљачка народот, кратко укажувајќи дека е неопходно формирање на пржинска влада.

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“.

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод роденденот на најпознатиот македонски драматург.

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. Присутните ја проследија промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, и уживаа во изведба на култните песни на „Леб и сол” во изведба на бендот Сешн Селекшн. Градоначалникот Герасимовски на синот Игор Стефановски му врачи карикатура со ликот на Горан Стефановски во чест на неговите безвременски дела со кои пренесуваше универзални пораки за сите граѓани.

„Во чест на денот на раѓањето на бардот на македонската драма Горан Стефановски денеска повторно уживавме во неговите драми. За потсетување на сите нас и за оставање траен белег на едно прекрасно време, Општина Центар и јас како Градоначалник, сакавме да оставиме видлива трага преку создавање мини културни простори под ведро небо што ќе се користат за промоција на младите и неафирмирани уметници. Овие културни сцени што ќе никнуваат низ Центар, збогатени со мурали и графити, ги изразуваат поддршката и трудот што Општината ги вложува во областа на културата. Чест ми е што првото центарско ќоше ќе го носи токму името на легендата од Дебар Маало – Горан Стефановски. Кога ќе поминеме низ Боемска улица, верувам дека секој еден ќе го сврти погледот и ќе се потсети на славните реплики од неговите драми. Можеби овој агол е мал, во споредба со големината на целокупното негово творештво, ама сигурен сум дека ќе влијае врз уметноста во нашето Скопје.“, рече денеска Герасимовски.

На настанот граѓаните можеа да го видат и надополнетиот мурал на Горан Стефановски со најпознатиот рефрен на песната „Скопје“ од Леб и сол „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје, нацртан од уметниците Драш и Мачка.

Со овој настан, со кој Општина Центар им оддава признание на најдобрите меѓу најдобрите, нека биде поттик за сите, заедно да создаваме трајни културни вредности што ќе станат нераскинлив дел од нашиот културен идентитет.

притисни ентер