МакедонијаКриминална група криумчарела мигранти во САД и Канада-плаќале од 20.000 до 25.000 долариКриминална група од деветима организирала криумчарење на мигранти во САД и Канада.За услугата наплаќале десетици илјади долари.. Седумина се упсени, двајца се во бегство.Деветчлена криминална група, две години криумчарела мигранти од Македонија и Албанија, чија крајна цела биле САД и Канада. Од МВР велат дека групата била дел од поголема меѓународна криминална мрежа, составена од соработници од регионот, но и од Шпанија, Гватемала и Мексико. Криумчарењето, како што велат од МВР, било организирано за лица кои не можеле да добијат виза по регуларен пат, а за таа цел на групата плаќале суми од 20 до 25 илјади американски долари. Мигрантите биле криумчарени со лажни документи за идентификација, најпрво до држави во Европа и централна Америка, а потоа со дополнителни фалсификувани документи, им се обезбедувал влез во крајната дестинација. На овој начин, како што соопштуваат од МВР, биле прокриумчарени околу 50-тина лица, а криминалната група заработила околу 1 милион долари. Од ОЈО велат дека донеле наредба за спроведување истражна постапка против деветмината, на кои на товар им се става кривичното дело – организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти. На седуммина од осомничените, како што соопштуваат од ОЈО, им е одредена мерка притвор, а на двајца мерка за претпазливост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвстријка нападната од ајкула за време на екскурзија на БахамитеТриесет и седумгодишна Австријка се здоби со тешки повреди при напад од ајкула на Бахамите, додека учествуваше во туристичка екскурзија што вклучуваше пливање со делфини.Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“. Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини. Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување. Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.Тагови: ајкула Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТаен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпреварКамерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар, а експерт за читање од усни ја откри темата на нивниот разговор.Невообичаена средба меѓу светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт и славен холивудски актер, Том Круз привлече огромно внимание во јавноста за време на неодамнешниот натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Денвер Бронкос. Свифт пристигнала на стадионот за да го поддржи својот партнер, играчот на Чифс, Тревис Келс, а Круз ѝ се придружил во ВИП ложата, каде што се снимени како водат интимен разговор. Виралното видео брзо го привлече вниманието на експертите, а професионален читач на усни Ајриш Стар, успеал да дешифрира дел од нивниот дијалог . Според неговите наводи, Свифт го започнала разговорот коментирајќи ја импресивната атмосфера. „Она што навистина ми се допаѓа е енергијата и начинот на кој е организирана публиката“, рекла Свифт. Иако одговорот на Круз не е сосема јасен, експертот за читање од усни тврди дека славниот актер ѝ го свртел вниманието кон нејзините професионални обврски. 🚨| Taylor Swift and Tom Cruise at tonight’s Chiefs game! https://t.co/ApZZUA6p48 — The Swift Society (@TheSwiftSociety) September 15, 2026 „Можеби не си свесна за тоа, но имаш работа што треба да ја завршиш“, наводно рекол Круз. Откако накратко го спуштила пијалакот и потврдно кимнала со главата, Круз наводно упатил загонетна забелешка за „држење на еден “ и за тоа дека ова е „последен пат“, иако поширокиот контекст и точната цел на овие изјави остануваат целосно непознати за јавноста.Тагови: Тејлор Свифт Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаТренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиитеАрамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик.Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра! Тоа се над 14% од целиот буџет! Во ризик е исплатата на пензиите. ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост. ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украде пари од граѓаните, се друго растураат. Ја задолжија државата со 4 милијарди нов долг за само две години - секоја недела ново задолжување за криминални партиски тендери. Луксузи, нов авион, скапи партиски настани, 5,5 милиони евра за прослава - за граѓаните ништо, нула денари, нула мерки. Како неговата влада гарантира дека пензиите ќе се исплаќаат на време кога нема никаква проекција, нема рок до кога ПИОМ ќе зависи од Буџетот. Од први јули, оваа година, придонесот на ПИОМ е зголемен за 1% односно, процентот што одеше во Агенција во вработување го прераспределиле во Фондот за пензиско. И повторно дупката е зголемена на 1 милијарди евра. Дополнително, арамијата Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб. Најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Ова е класична импровизација и неодговорно поигрување со иднината и сигурноста на граѓаните и на идните пензионери. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. Затоа бараме јавен одговор: како дупката од 1 милијарда евра ќе се пополни? Од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без јасен план и конкретни мерки, уверувањата на ВМРО се само политичко покритие за власт која пензиите ги користи како парола, а финансискиот товар го префрла врз граѓаните. Се работи за стотици илјади луѓе, кои работеле, учествувале во полнењето на пензискиот систем. За пензионерите кои денес зависат од својата пензија за лекови, храна и сметки, и заслужуваат сигурност. За идните пензионери, кои денес работат, плаќаат придонеси и со право очекуваат еден ден да имаат сигурна и достоинствена пензија. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Пензиите се право. Пензискиот фонд е обврска на државата. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook