По 55 години прв пат жена ја доби Нобеловата награда за физика

Дона Стрикланд од Канада е добитник на Нобеловата награда за физика , прв пат доделена на жена научник по 55 години.

Професорката Стрикланд во историјата е трета жена што ја добива Нобеловата награда за физика по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт – мајер во 1963 година. Таа ја споделува годинашената Нобелова награда за физика со професорите Артур Ашкин од САД и Жерар Муру од Франција. Тие ја добија наградата за особен придонес во развојот на ласерската физика.

Тие развија технологина наречена ЦПА со ккоја се врши ласерски третман на заболените од карцином , како и во ласерските операции за корекција на очната диоптрија .

Доктор Стрикланд беше изненадена кога дозна дека поминале дури 55 години пред жена да го добие престижното признание за научниот труд. Таа додаде дека секогаш од колегите биле третирана како рамноправна и дека наградата не е само нејзина , туку ја дели со уште двајца колеги , кои можеби и повеќе ја заслужуваат од неа, рече скромната професорка.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

притисни ентер