Дерковски: Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале половината од гласачите

ДИК ги објави првичните целосни резултати според кои вкупно гласале 666 илјади и 743 гласачи од кои ,,за“ гласале 91,46 % или 609 илјади и 813 граѓани со право на глас.

37 илјади и 700 гласале против а 19 илјади и двесте дваесет и едно ливче биле неважечки. Што друго беше кажано од страна на Државната изборна комисија но и за прес конференцијата на невладината ,,МОСТ“ од Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Британец на 88 годишна возраст завршил осмо одделение во музичко училиште

Британецот Реја Ивли, 88-годишен пензионер, по 67 години, со одлични резултати го положи осмото одделение на музичкото училиште, отсек пијано.

Ајвли, пензиониран свештеник кој живее во селото Килхам во Источен Јоркшир, во близина на Бридлингтон, рече дека бил запрепастен од интересот на јавноста откако неговата приказна била прикажана на локалната радио станица на Би-Би-Си, телевизија и во локалните весници, пишува Гардијан.

„Изненаден сум што мојата приказна привлече толку големо внимание и толку многу публицитет, бидејќи има толку многу вести за други проблеми, војни и секако политичката ситуација во Америка“, изјави Реј Ајвли за лондонскиот дневен весник.

Украинците биле замешани во падот на Асад- Зеленски му се одмазди на Путин преку Сирија

Украинското разузнавање испорачало околу 150 беспилотни летала и 20 оператори со беспилотни летала на сириските бунтовници минатиот месец, непосредно пред офанзивата што го собори сирискиот диктатор Башар ал Асад минатата недела.

Според извори блиски до украинските операции во странство, помошта била испратена пред четири до пет недели од украинските разузнавачки оперативци како дел од напорите за ослабување на Русија и нејзините сириски сојузници во регионот, пишува Business Insider.

Во неделата, сириските бунтовници, предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, го соборија Асад по молскавична двонеделна кампања што го запрепасти светот и стави крај на 24-годишното владеење на Асад. Американскиот „Вашингтон пост“ во својот извештај наведува дека операцијата била дел од напорите за слабеење на руското влијание во странство.

Претходно оваа година, The Kyiv Post објави видеа за кои тврди дека покажуваат дека украинските специјални сили ги испрашуваат руските платеници во Судан, и како се борат заедно со сириските бунтовници против руските платеници и силите на Асад.

Извор од украинската воена разузнавачка агенција во јуни изјави за истиот медиум дека од почетокот на годината, украинските оперативци ги поддржуваат сириските бунтовници во извршувањето на „бројни“ напади врз руските воени објекти во регионот.

Во септември, сирискиот весник „Ал Ватан“ ги објави коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој изјави дека украинските разузнавачки емисари во Идлиб, во северозападна Сирија, спроведуваат „нови валкани операции“ и регрутираат бунтовнички борци.

Минатиот месец Александар Лаврентиев, рускиот специјален пратеник за Сирија, изјави за руската државна новинска агенција ТАСС дека главната разузнавачка управа на Украина ги вооружува „терористите“ во Идлиб и дека во областа се присутни украински експерти.

Александар Либман, професор по руска и источноевропска политика на Слободниот универзитет во Берлин, изјави за Business Insider дека ако се потврди дека Украина испратила беспилотни летала и оператори со беспилотни летала во Сирија, би било изненадувачки со оглед на тоа колку е „проблематична“ ситуацијата во источна Украина.

„Не сум сигурен дека Украина има многу да добие со вклучување во такви операции. Наместо тоа, таа само ќе ги троши ресурсите што и се потребни за да се бори на сопствената територија“, рече Либман.

Падот на Башар ал Асад, сепак, може да го загрози военото присуство на Русија во Сирија, каде Москва би можела да ја изгуби контролата врз воздухопловната база Хмејмим и поморската база Тартус. Русија ги искористи овие бази за да ја проектира својата моќ во Медитеранот и Африка, како и да се спротивстави на јужното крило на НАТО.

Сателитските снимки направени на почетокот на неделава од компанијата „Maxar Technologies“ покажуваат дека руските авиони се уште се во Хмеџимим, но дека руските воени бродови повеќе не се во Тартус.

Жена пронашла нешто чудно покрај седиште во авионот, снимката е хит (ВИДЕО)

„Ако неодамна летавте со Delta Air Lines и седевте во 27-от ред, нешто сте заборавиле“, напиша tiktoker @g_buser заедно со видеото од необичното откритие.

Таа видела нешто необично покрај седиштето, поточно покрај ѕидот од авионот и решила да ја вклучи камерата. За кратко време објавата стана вирална и „собра“ повеќе од 1,2 милиони прегледи.

Жителот на Тампа, кој седел во редот 28, ја преместил камерата надесно и покажал пар вештачки трепки, залепени за ѕидот од авионот!

@g_buser :/ #flight #airplane #fyp ♬ Chopin Nocturne No. 2 Piano Mono - moshimo sound design

Гледачите ја гледале бизарната сцена и се обиделе да најдат логично објаснување, пишува Њујорк пост.

„Псссст, тишина. Авионот спие“, се пошегува едно лице, а друго додава: „Ново ниво на безгрижност“.

„Ова значи дека повеќе не ги чистат авионите меѓу летовите“, критички заклучува трето лице.

Повеќето од гледачите се прашуваа дали трепките се залепиле за време на спиењето или сопственикот ги ставил таму на кратко, а потоа ги заборавил.

Прашањето останува неодговорено, а некои не се изненадени ако патничката по негата на кожата заборавила на своите „додатоци“.

притисни ентер