Означен почетокот на градбата на „Саген", албанска фармацевтска компанија во Бунарџик

Со засадување на над 300 години старо маслиново дрво како симбол на мирот и пријателството, денеска во ТИРЗ Бунарџик беше озачен почетокот на изградбата на објектот на албанската фармацевтска компанија „Саген“, прва албанска инвестиција. 

Во објектот во Македонија ќе се произведуваат инфузни раствори и генерички лекови од кои најголемиот дел ќе бидат наменети за извоз.

Предвидено е инвестицијата да се реализира во две фази. Во правата фаза ќе се вложат 6,5 милиони евра и ќе се вработат 60 до 70 лица, а во втората инвестицијата ќе достигне до 20 милиони евра, а бројот на вработени до 300.

- Во објектот во Скопје со напредна најсовремена технологија ќе се произведуваат стерилизирани фарамцевтски производи кои ќе можат да се извезуваат насекаде во светот. Ќе има и специјализирана лабораторија што ќе ги исполнува европските стандарди и GMP нормите. Нашето мото ќе биде „Вашето здравје, наша грижа“, рече сопственикот на компанијата Исуф Бербери во својот говор.

Тој нагласи дека „Саген“ е компанија ќерка на „Фарма“, фирма која постои од 1946 година и делува во Албанија и други балкански земји и посочи дека засадувањето на маслиновот дрво е симбол на мирот и пријателството меѓу двете соседни земји.

Премиерот Зоран Заев изградбата на објектот на „Саген“ во ТИРЗ Скопје 1 ја оцени како историски и многу значаен момент.

- Историски е од причина што ја збогатуваме лепезата на фармацевтски производи, овде во Македонија како домашно производство, преку странска инвестиција, но и што имаме сериозен и докажан инвеститор кој доаѓа од пријателска земја, сосед со кој меѓусебно си помагаме во нашите интеграции и аспирации за економски напредок. Сето тоа го прави моментот многу значаен, рече Заев.

Сметајте, додаде, и понатаму на нашата поддршка, заради тоа што инвестицијата е во зародиш, ќе расте и се надевам ќе се разивива онака како што е замислена.

- Како Влада сме овде да ви асистираме и да ви бидеме од помош. Со приближувањето на Македонија кон Европската унија и НАТО дефинитивно стануваме посакувана дестинација за многу инвестиции и вредноста на капиталот допрва ќе расте. Знам дека исплатливоста на оваа инвестиција и на многу други што се случуваат во Македонија ќе бидат неколкукратно зголемени по својата берзанска вредност и верувам дека во периодот што доаѓа нашата земја се повеќе ќе станува пријатно место за инвестирање и создавање профит, порача Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека „Саген“ е уште една од низата убави вести за кратко време што го претставуваат напредокот на Македонија.

- Новата албанска инвестиција ќе овозможи зголемување на извозот на земјава. Планот за економси раст дава резултати и во првите шест месеци од годинава има 327 милиони евра директни странски инвестиции. По референдумот уште позабрзано ќе се почувствуваат плодовите од подобрувањето на економијата. Ќе расте трендот на странски инветиции и ќе се намали бројот на невработени, рече Бектеши.

Јелена Карлеуша најави што ќе објавува на „OnlyFans“: Тоа не е дозволено на „Instagram“

На „Instagram“  ја следат речиси два ипол милиони следбеници, но и покрај тоа, оваа социјална мрежа има многу ограничувања, кои се „проблем“ за Јелена Карлеуша.

Иако многумина се надеваа дека содржината на пејачката на „OnlyFans“ ќе биде многу поексплицитна, таа проговори на оваа тема и објасни за што всушност се работи.

„Instagram ги заостри правилата и ја санкционира секоја поексплицитна содржина, па дури и фотографии во бикини. Затоа сум на „OnlyFans“. Реакциите се како да најавив снимање на порно, секакви работи“, изјави Јелена Карлеуша за Информер. .

Извор: Аваз

Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година. /МИА

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

притисни ентер