МакедонијаЕМ: Се подготвува монструозна операција за апсење на претседателот БачевОд партијата „Единствена Македонија“ која е дел од кризниот штаб против референдумот денеска на прес конференција тврдат дека се подготвува апсење на лидерот на партијата Бачев после референдумот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк. „Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“. По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање. Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрна Гора воведува визи за граѓаните на Русија, Белорусија и ТурцијаПромена на условите за влез во Црна Гора ќе стапи на сила од 1 ноември 2026 година, кога за државјаните на Русија, Белорусија и Турција ќе биде потребна виза за влез, транзит и престој во земјата.Одлуката е дел од процесот на усогласување на визната политика на Црна Гора со законодавството и практиките на Европската унија, во рамки на обврските поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ. Црногорската влада на 23 јули ја усвои измената на уредбата за визниот режим, со која се предвидува укинување на досегашниот безвизен режим за граѓаните на трите земји и воведување визна обврска од 1 ноември. Со оглед на тоа што безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција е регулиран и со меѓународни договори, црногорските власти ќе започнат постапки за престанок на нивната важност. Сепак, за Турција е предвидена можност за задржување на безвизниот режим за одредени категории патни исправи. Црна Гора ќе започне постапка за склучување нов билатерален договор со кој би се регулирал визниот режим за лицата кои поседуваат дипломатски, службени и специјални пасоши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Русија го нападна Киев со дронови, во станбена зграда загина 14-годишно момчеРуски дрон утринава погоди повеќекатна станбена зграда во Киев, при што загина 14-годишно момче, а девет лица беа повредени.Дронот погоди зграда од 16 ката во населбата Печерск, а осум од повредените беа пренесени во болница. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша нападот како „апсолутно брутален и болен удар, лишен од каква било воена логика“. Тој истакна дека од почетокот на денот биле нападнати осум украински региони. Во регионот на Одеса, едно лице загина во напад врз поштенски терминал, додека во Запорожје беше погодена медицинска установа. Повредени имаше и во регионите Суми и Миколаев, изјави Зеленски. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта неговите сили користеле дронови за да нападнат објекти на украинската одбранбена индустрија, логистички центри и пловни објекти што наводно ги користеле украинските вооружени сили. Тагови: дронови Киев русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00