Потпишан Договор за прекугранична соработка со кој Росоман ќе добие Центар за туризам

Освен реконструкција на старата училишна зграда во Росоман, која ќе биде Центар за туризам и изложба на храна и вино, ќе се формира и македонско - грчки кластер и ќе се врши едукација за претставници на членките во него.

Фондацијата „Тиквешки вински пат” од Кавадарци, општина Росоман и Министерството за локална самоуправа потпишаа Договор за кофинансирање на проектот за прекугранична соработка со Грција, вреден над 500 илјади евра, со кој росоманската општина добива Центар за туризам.

Извршната директорка на Фондацијата, Виолета Јанкова денеска потсети дека станува збор за проектот „Тера вино”, или „Земја на виното”. Македонската страна добива 268.105 евра, од кои 40.215 евра кофинансирани од Министерството за локална самоуправа, а 227.889 евра од Европската унија.

Од грчка страна, во проектот се вклучени Министерството за внатрешни работи, Италијанско-грчката комора и Универзитетот Аристотел со отсекот за туризам.

Освен реконструкција на старата училишна зграда во Росоман, која ќе биде Центар за туризам и изложба на храна и вино, ќе се формира и македонско - грчки кластер и ќе се врши едукација за претставници на членките во него. Ќе се изработат и промотивни материјали. Во рамките на активностите, планирана е и промотивна туристичка тура низ Македонија и Грција насловена „Земја на виното”, за новинари и тур оператори.

- Сево ова е во функција на промоција на регионот и развој на туризмот, затоа што овој крај има потенцијал да им понуди многу нешта на домашните и странските туристи, нагласи Јанкова.

Таа се осврна и на природните богатства со кои располага Тиквешијата, историјата, културата и традицијата.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер