ВМРО – ДПМНЕ: Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби

СДСМ и Зоран Заев се целосно неспособни да ја управуваат државата, се наведува во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

Продажбата на името и идентитетот тоа нема да го смени. Прифаќањето на грчките црвени линии нема да помогне да се достигнат европските стандарди. СДСМ удри на крадење и задолжување на државата како да треба Македонија да влезе во сојуз со Северна Кореа или најсиромашните африкански земји, а не како да се приближува кон ЕУ и економска благосостојба.

Работите им бегаат од контрола. Власта вчера како најголем успех и достигнување го презентираше пронаоѓањето и чистењето на пелени од страна на Петре Шилегов, кој ангажираше цела армија, полиција, противпожарна единица на Скопје и болнички возила за пронаѓање на стари пелени кои смрдат во стан. Трагедијата да биде поголема презентираше и снимки од успехот.

Во зоолошка слободно се штетаат крокодили надвор од нивните кафези, а власта се правда дека тоа било нормално бидејќи крокодилите биле во пубертет. Добро е што не станале полнолетни па да почне и надвор од зоолошка сами да излегуваат.

Заев ја лаже јавноста дека дневно 23 часа одговара на пораки.

Градоначалници се фалат дека прислушкуваат, додека Заев ветува 100 евра за глас со кои ќе се откажете од вашите предци. Судовите не реагираат, државата е во медиумски мрак кога станува збор за големите национални прашања. Со СДСМ на власт државата е комплетно на колена.

Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби. И додека не си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните, тие вршат кампања за промоција на капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, во која Република Македонија е оштетена страна, со кој го губиме институциналниот идентитет, историјата, културата и традицијата.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер