Ладен туш за грчкиот националист Панос Каменос- има мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа

Мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа постои во грчкиот Парламент , рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по средбата со неговиот германски колега Хајко Мас..

Ладен туш за грчкиот националист Панос Каменос.Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на прес-конференцијата по средбата со неговиот германски колега Мас во Атина, упати порака дека и без гласовите на партијата Независни Грци, имаат мнозинство во парламентот кое ќе го ратификува Договорот од Преспа..

Коѕијас смета на шестте пратеници од партијата Река на Теодоракис, како и уште неколкумина од останатите.. Кои не прецираше, но по последните поделби во пратеничката група на Каменос, не е исклучено дури и некој од неговите пратеници да даде поддршка, а во аналзиите се споменуваат и пратеници на ПАСОК и некои од независните.. Сириза има 145, а за мнозинство им се потребни 151 пратеник..

Грчкиот шеф на дипломатија сепак смета дека е рано за калкулации.. Прво посака да помине успешно референдумот и да ја има неопходната излезност, а потоа, како што рече, од страна на идната Северна Македонија да се направат и уставните промени, кои главно се поврзани со иредентизмот..

- Кога ќе заврши сето ова, што требаше да заврши во декември, но како што гледам ќе заврши кон средината или крајот на јануари, тогаш ќе дојде ратификацијата на договорот во грчкиот парламент. Исто така, во грчкиот парламент ќе дојде за ратификација одлуката на НАТО за интеграција на оваа земја во НАТО. Што значи дека ќе имаме две гласања во грчкиот парламент, а по кој ред ќе дојдат ќе одлучи претседателот на парламентот. Мнозинство за ратификација на овој договор постои и е јавно изразена од партијата СИРИЗА, од партијата Река и од многу одредени пратеници- објасни шефот на грчката дипломатија.

Коѕијас додаде дека „еден голем проблем е и името на црквата, но тоа, како што рече, сега не е тема”. Според него, договорот гледа кон иднината и на Балканот му дава стабилност и безбедност... „По 10-20 години никој нема да ги памти денешните кавги, а сите ќе сметаат дека се подразбира дека постои земја под името Северна Македонија, во која живеат луѓе кои се самоопределуваат, според нивните демократски права и говорат македонски јазик, рече Коѕијас.

Германскиот министер за надворешни, Мас, пак, ја повтори порака што ја упати завчера во Скопје - договорот го оцени како историски и изрази надеж дека тој ќе се спроведе, бидејќи придонесува за пријателството на двата народа и уште поважно, за стабилност во поширокиот регион.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

притисни ентер