Македонија барала прием во НАТО уште од 1992 година

Македонија одлучила да стане членка на НАТО уште пролетта во 92 година, само месец и пол по заминувањето на ЈНА, открива тогашниот министер за одбрана Трајан Гоцевски.

Дилемите и анализите кој пат да се фати, за да се обезбеди долгорочна стабилност и безбедност на земјата траеле кратко.

Во услови кога АРМ била во самиот зародиш и едвај да собрала сили за да го превземе чувањето на границите, Советот за безбедност со кој раководел претседателот Киро Глигоров, брзо пресекол.

-Имаше и размислувањата да се прогласи воена неутралност, но по направените анализи се заклучи дека НАТО нуди најголеми гаранции за безбедноста. Заклучокот беше донесен на 18 мај 1992 година, рече Гоцевски.

Досега, како прва формална одлука со која земјава бара прием во Алијансата се сметаше Декларацијата на Собранието од 1993 година. Дали оваа дамнешна определба ќе стане реалност, зависи од исходот на Референдумот.

Националниот координатор за НАТО, Пендаровски, вели дека сите анкети покажуваат дека од сите возрасни категории младите даваат најголема поддршка, но зависи дали ќе излезат на гласањето.

Хрватската амбасадорка Даниела Баришиќ, сподели дел од искуството на нејзината земја, која организираше Референдум за членство во ЕУ во 2012-тата.

-Практично половината од населението беше „ЗА“, но и понатаму има третина која мисли дека „ништо не се промени“, „работите се исти како пред членството во ЕУ и НАТО“, но никој не вели дека е полошо. Тоа е суштината – не е полошо – рече Баришиќ.

На Конференцијата говореше и претседателот на Собранието, Џафери. Уверен е дека Референдумот ќе биде успешен, а Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер