Џафери: Се наоѓаме пред историски момент од кој зависи сегашноста, но и иднината

Талат Џафери се обрати на денешната Конференција на тема „НАТО интеграцијата - предуслов за безбедност и развој“.

Сите ние, и како граѓани, а и како политичари, сме пред еден историски момент, момент од кој зависи нашата сегашност, меѓутоа ќе зависи и нашата иднина, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во обраќањето на денешната Конференција на тема „НАТО интеграцијата - предуслов за безбедност и развој“, со која и формално се означува почетокот на петнаесетнеделна школа на која учесниците ќе се запознаат со прашања врзани со безбедноста, одбраната и интеграциите во НАТО.

- Не треба да потсетувам дека пред дваесет и седум години, кога на референдум граѓаните се определија за самостојна Република Македонија, пратениците од првиот состав таа определба ја преточија во уставно правна рамка и тогаш беа утврдени и стратешките цели на нашата држава, а тоа се целосна интеграција во НАТО и ЕУ, рече Џафери.

И сега, потенцира, тој историски момент е навистина пред нас. На крајот на месецот, посочи, граѓаните на референдум ќе треба да решат дали го прифаќаат Договорот од Преспа, зад кој застанаа Владите на Република Македонија и Република Грција.

- Јас сум убеден дека овој Договор ќе биде прифатен од граѓаните, затоа што знаат дека со тоа ќе ни се отворат вратите за полноправно членство во НАТО сојузот и ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Затоа, и како политичар, и како граѓанин, верувам дека со мнозинско ЗА на референдумот на 30-ти септември, ќе потврдиме дека како граѓани и како држава цивилизациски припаѓаме на Европа и ги прифаќаме и споделуваме европските вредности. Убеден сум дека мнозинството граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, се свесни дека преку целосна интеграција во НАТО и ЕУ, обезбедуваме стабилна сегашност, безбедност и многу поперспективна иднина, истакна претседателот на Собранието, Џафери.

Говорејќи за членството во Алијансата, тој појасни дека членство во колективните безбедносни системи како што е НАТО, подразбира голема одговорност и активен придонес во зачувување на мирот и безбедноста, не само дома, туку и на глобално ниво.

- Припадниците на нашата армија досега учествувале и учествуваат во повеќе мировни операции ширум светот. Притоа, иако нашата армија е мала, сепак секојдневно потврдува дека има добро обучени војници и старешини кои ефикасно и одговорно ги исполнуваат дадените задачи. Односно, имаме армија која ги исполнува стандардите на НАТО, изјави Џафери.

Во исто време, рече во обраќањето Џафери, НАТО не е само воена организација туку има многу значајна цивилна димензија, која пред сè е насочена кон целосно функционирање на правната држава, почитувањето на човековите права и слободи, односно почитувањето и применувањето на сите демократски стандарди врз кои денеска се темели парламентарната демократија.

Истакна дека согласно програмата на школата за слушателите се планира и посета на институциите и затоа, нагласи дека Собранието на Република Македонија и тој лично, а и неговите колеги пратеници, со големо задоволство ќе прифатат такви средби и преку отворен дијалог со младите слушатели ќе ја претстават работата на Собранието, особено во остварувањето на реформите кои се потребни за нашата интеграција во евроатланските структури. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер