Кривична пријава за убиство против полицаец од Битола- го полеал со бензин убиениот и го запалил

Надворешната канцеларија за кривични работи - Прилеп до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Е.Т. (24) од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола.

Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од Кривичниот закон на Република Македонија.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 12:00 часот пријавениот го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола.

Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Фејсбук“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на село Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место. Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека ноќеска околу 2:00 часот Е.Т. е лишен од слобода. Службениот пиштол со потврда е одземен и истиот ќе биде предмет на балистичко вештачење.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

притисни ентер