Норвешка помош за подготовка на пристапните преговори со ЕУ

 Два милиони евра норвешка помош ќе добие Македонија од кои дел ќе бидат искористени за подготовка за пристапните преговори кои земјата треба да ги започне со ЕУ во јуни следната година.

Договорот за соработка со кој се обезбедува помошта денеска во присуство на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен го потпишаа норвешкиот амбасадор во Македонија и претставник на УНОПС, Канцеларијата за услуги на проекти на ОН, преку која ќе се реализира договорот.

Вицепремиерот Османи истакна дека Норвешка е потврден и долгогодишен партнер и еден од најсилните поддржувачи на македонските евроатлантски интеграции. Грантот од околу два милиони евра е дел од регионалниот проект за социоекономски развој за проекти за единиците за локална самоуправа, дел од кои ќе оди и за СЕП за воспоставување на мрежата за преговори со ЕУ за подготвување за влегување во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

- Оваа помош и поддршка не само што е навремена, бидејќи нема поголем приоритет за државата од преговотите за членство во моментот, туку е и на право место во СЕП. Втор добар момент е што ќе се реализира преку Канцеларијата УНОПС. Оптимисти сме дека овој проект ќе се реализира ефикансо и дека ефектите ќе бидат значителни, рече Османи заблагодарувајќи се за поддршката.

Халворсен истакна дека грантот е наменет за помош на социекономскиот развој и евроатлантските интеграции со цел да се обезбеди процесот на пристапување на земјата во ЕУ да се одвива што е можно побрзо и поефикасно.

- Клучни приоритети ќе бидат градење на капацитетите на СЕП, поддршка за главните поддржувачи и јакнење на експертизата на министерствата вклучени во овој процес. Свесни сме дека преговарачкиот процес ќе биде полн со предизвици, но доколку земјата-кандидат добро ги подготви административните капацитети ќе биде во многу подобра позиција да го води процесот на најдобар можен начин. Норвешка во два наврата почна преговри со ЕУ, и иако не сме членка на ЕУ имаме искуство од прва рака, рече норвешкиот државен секретар.

Нагласи оти ова е единствен момент за Македонија, која се наоѓа на историска пресвртница и најави дека норвешката влада ќе продолжи силно да ги поддржува евроинтеграциите на земјата и во иднина.

Државниот секретар во норвешкото МНР Халдурсен во рамки на дводневанта посета на Македонија вчера имаше средба со државниот секретар во македонското МНР Виктор Димовски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер