Трамп за страотниот ураган : ,,Голем е и мокар" (ВИДЕО)

Ураганот ,,Флоренс” и натаму се приближува кон источниот брег на САД , а ударот на копното се очекува во петок наутро , со тоа што ураганот дополнително ќе се засили.

Претседателот на САД , Доналд Трамп , кој поради ураганот ја откажа посетата на Ирска ,вчера го искоментира невремето.

,,Вакво нешто не е видено во последните 25-30 години , а можеби и никогаш. Ужасно е големо и мокро. Страшно количество вода. “, рече Трамп на вчерашната прес конференција во Овалната соба во Белата куќа.

Според метеоролозите ,,Флоренс “ би можела да се засили додека стигне на копното и да ја достигне категоријата 5. Најпрвин ќе удри на тероторијата на Северна и Јужна Каролина , каде немало урагани последните 30 години .

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

притисни ентер