Подготовките за пристапните преговори и претстојниот референдум теми на средвбата Османи-Блок

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок.

На средбата биле отворени темите за подготовката на земјата за почеток на пристапните преговори, со посебен акцент на подготовката на тимот и структурата за преговори, за предизвиците поврзани со претстојниот референдум во однос на Договорот од Преспа, како и за севкупната поддршката на нашата земја од страна на Кралството Холандија.

- Холандија претставува еден од најцврстите поддржувачи на Република Македонија и нашите интегративни процеси, но и земја со која традиционално имаме исклучително успешна соработка. Оваа поддршка секако ја очекувам и во овој клучен период за земјава, изјави Османи.

Тој при тоа, како што соопштија од неговиот кабинет, посочи на чувствителноста на периодот во кој се наоѓа земјата, особено во насока на исполнување на обврските за европските и евроатлантските интеграции.

- Претстојниот референдум во моментов го окупира политичкиот фокус во државава, и вашето присуство во овие историски моменти претставува акт на искрено пријателство, за што сме ви и лично благодарни, истакна Османи.

Тој го информираше својот соговорник дека покрај подготовките за референдумот, Владата е сериозно посветена и на подготовките за претстојниот скрининг како и за почеток на преговорите, за што е создаден преговарачки тим, кој веќе работи и на подготовка на преговарачка структура. Владата, навел тој, останува силно фокусирана и на задржувањето и продлабочувањето на позитивниот реформски импулс, во насока на испорачување на конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација, но и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области, се со цел исполнување на сите забелешки и препораки од заклучоците на европските совети од јуни оваа година.

- Како земја, која долги години се наоѓа во претпристапниот процес, Република Македонија се чувствува подготвена и се согласува за т.н. ‘строг и фер’ пристап во процесот на проширување, почивајќи на фер мерит систем на вредности, изјави Османи, потенцирајќи дека само цврста, силна и обединета Европа ќе претставува гарант за безбедноста на целиот континент, стои во соопштението.

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер