Сите физички лица кои остваруваат приход да се регистрираат во е-системот на УЈП за персонален данок

Сите граѓани и оние кои земале само плата и пензија изминатава година ќе мора електронски да се регистрираат и да поднесат годишна даночна пријава до крајот на декември оваа година, информираа од УЈП.

Откако ќе се регистрираат електронски ќе треба да ја однесат годишната даночна пријава во Управата која треба да им ја достави на граѓаните најдоцна до 30ти април, а потоа тие ќе треба да ги потврдат или коригираат податоците најдоцна до 31 мај. Доколку тоа не го сторат ќе се смета дека Управата подготвила точна даночна пријава.

„Oвие даночни обврзници и физички лица имаат обврска да се регистрираат на системот е-персонален данок или e-pdd.ujp.gov.mk, за да можат да комуницираат со УЈП, односно УЈП да ја достави пополнетата годишна даночна пријава преку системот е-персонален данок на доход, а од друга страна даночните обврзници и физички лица да ја потврдат или коригираат“, изјави Мухамед Авдиќ, раководител во УЈП

Со оглед на фактот што и пензионерите ќе мора да се регистрираат електронски, но многумина не знаат да ги користат или воопшто немаат пристап до новите технологии, Управата преку различни методи ќе им излезе во пресрет...

„Оние физички лица кои немаат можност да се регистрираат сами, можат да ополномоштат лице од своето семејство, помлад кој се разбира во оваа технологија. Само да му дадат полномошно пред нотар и со тоа да дојде во УЈП или ако не сакаат да дадат полномошно да дојдат двајцата во УЈП и да се идентификуваат“ – додаде Авдиќ.

Од управата објаснуваат – електронската регистрација се прави само еднаш. Апелираат граѓаните да ја сторат навреме.

Досега се регистрирале 13 илјади граѓани. Очекуваат да пристигнат повеќе од 400 илјади даночни пријави.

Инаку досега граѓаните кои имаа приходи само по основ на плата и пензија немаа обврска да поднесуваат годишна даночна пријава.

Секс-бомбата бара момче: Треба да биде богат и убав

Откако пропадна љубовната врска на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара ново момче, изјави извор за „Page Six“.

- Потребна и е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви има? Пет, десет? - изјави изворот.

Изворот како една од можностите го предложи од неодамна слободниот Том Круз. Ѕвездата од „Топ Ган“ неодамна раскина со Русинката Елсина Каирова.

Извор: Аваз

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

притисни ентер