Заврши увидот на „опел омега" од „Монструм"

 Судиите од Кривичниот суд Огнен Ставрев и Осман Шабани, обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и адвокати, денеска во присуство на јавноста извршија увид на возилото „опел омега“.

Кое е дел од доказниот материјал за случајот „Монструм“. Новото рочиште што е закажано за 19 октомври ќе продолжи со доказна постапка.

Крим техничар од МВР ја отвори „опел омегата“. Притоа беше констатирано дека тоа е истото возило кое е најдено два дена по петкратното убиство, бидејќи бројот на шасијата е ист. На задните седишта имаше две монети и празна торбичка.

Судијата Огнен Ставрев по увидот рече дека возилото од депото на Агенцијата за управување со одземен имот ќе биде однесено во МВР.

На вештачењето беа присутни и обвинети во случајот „Монструм“, како и адвокатите ангажирани во овој случај.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, рече дека од МВР возилото во депото е донесено на 1 ноември 2012 година. Возилото било примено без регистарски таблички, а има налепница на задниот браник.

На претходните рочишта за „Монструм“ беше сослушан загрозен сведок, кој исказот го даде од друга просторија со мутиран глас и заматена слика.

Во своето сведочење, тој кажа дека на местото на настанот бил на 9, 10, 11 и 12 април, каде што го видел „голфот 3“ со затемнети стакла на повеќе различни локации, како и други две возила. Прашан дали вечерта бил на местото на настанот, сведокот кажа да, и потврди дека видел четири тела. Тој во судницата препозна неколкумина од обвинетите и ги опиша.

Одбраната изрази сомневање во вистинитоста на неговите искази, бидејќи како што реагираа загрозениот сведок е конфузен во одговорите. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за „Монструм“ што беше укината на Врховен суд, а предметот вратен на повторно одлучување.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. /МИА.

Лога со благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч .

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција , Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне , каде и да сте! , сооптуваат од Министерството за правда.

Лени Кравиц го објавува својот 12. албум на два дена пред 60. роденден

Триесет и пет години по првиот албум, 60-годишниот музичар Лени Кравиц, кој во март беше почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, го објавува својот 12-ти албум.

Тоа е 12-тиот студиски албум на Лени Кравиц наречен Blue Electric Light, кој треба да излезе на 24 мај, два дена пред неговиот 60-ти роденден.

За време на неговата долга кариера, тој продаде 40 милиони плочи и освои четири последователни Греми награди за најдобар машки рок вокал.

На почетокот на годината, поранешниот американски претседател Барак Обама ја вклучи неговата песна Road to Freedom на неговата плејлиста на најомилени хитови од 2023 година. „Обама прави одлични плејлисти, тие имаат смисла“, рече Кравиц, кој свири на сите инструменти на неговите плочи, освен саксофон.

Но, Обама не случајно ја избра таа песна. Лени Кревиц напиша и музика за филмот за Бајард Растин, политички активист за граѓански права и организатор на Маршот во Вашингтон каде Мартин Лутер Кинг го одржа својот познат говор „Имам сон“.

Генчов: Христијан Мицкоски е можеби последната наша шанса на политичари што вредат

„Доколку Македонија биде надвор од ЕУ, ќе се разбудат историските сеништа“

Доколку Македонија биде надвор од ЕУ, ќе се разбудат историските сеништа. Со тек на време ќе се постави и зошто немаме една национална историја со не решени прашања кон Бугарија и Грција, со оживеани сеништа од минатото, прашање на време е кога ние ќе зборуваме за дарданското влијание во Македонија, илирското влијание, за спојот на илирска Македонија, за лека е мад, за мајката на Александар, Олимпија. Христијан Мицкоски е можеби последната наша шанса на политичари што вредат, од универзитет кој што има висока интелектуална врен и убеден сум дека не само што нема да не игра прозападно, но ќе биде најголемото прозападно изненадување секако, рече Александар Генчов во Само Вистина.

притисни ентер