Почна наставата во дограденото ОУ „Гоце Делчев" во Центар

Со пет дена задоцнување почна наставата и новата учебна година во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар, кое е доградено на површина од  532 квадратни метри има  нови простории со што е зголемен просторниот капацитет за ученици.

Покрај доградбата, целиот објект има нов лик - заменета е фасадата, во училниците се ставени нови подови и врати.

На првиот училишен ден училиштето го посетија заменик-министерот за образование и неука Петар Атанасов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.

- Задоцнувањето на наставата беше од единствена причина да обезбедиме безбедност за децата. Имаше голем градежен зафат и со исклучителни залагања на Општина Центар и на вработените во училиштето, за некоклку дена се создадоа услови - беа издадени налози од државните инспекторати и денес наставата продолжува и училиштето, кое има голема традиција, сега е во прекрасна кондиција, изјави Атанасов, очекувајќи родителите на учениците да имаат разбирање за одложениот почеток на учебната година.

Градоначалникот Богдановиќ рече дека застојот во градежните зафати не бил кај изведувачот, туку причината е судска пресуда со извршно решение на сметката на Општина Центар со што, како што рече, запираат сите налози за работа што треба да се потпишат.

- Дојдовме до еден вакуум не по наша вина. Ова се некои работи кои Општината и јас како градоначалник ги начекуваме сега. Општината се одглави, но тој вакуум период од неколку недели направи вакуум и во работата, бидејќи не можевме да потпишуваме налози за работа и да се продолжат планираните активности, рече Богдановиќ, нагласувајќи дека е најважно што по многу години се интервенирало во ова училиште во центарот на градот и дека се менува од темел.

Соопшти дека во октомври ќе бидат опремени новите осум простории во училиштето (дел училиници, а дел помошни простории). Најави и дека за децата од Центар во мај 2019 година ќе биде готово ново модерно основно училиште во населбата Капиштец.

Директорката на ОУ „Гоце Делчев“ Наде Молеровиќ рече дека имаат план и програма како ќе ја надоместат наставата од петте изгубени денови.

- Во соработка сме со Инспекторатот каде што доставивме програма, а имаме интерен распоред со кој секој наставник си знае како до крајот на првото полугодие ќе си ги одработи сите часови. Тоа е најмалиот проблем за нас, изјави Молеровиќ. Очекува дека по официјалното отворање во октомври, ќе почнат да работат во една смена, нагласувајќи дека ОУ „Гоце Делчев“, кое постои 61 година, е единствено во Центар што работи во две смени. Во оваа учебна година настава во ова училште ќе посетуваат 519 ученици.

Заменик-министерот Атанасов во изјава за медиумите рече дека до крајот на оваа и почетокот на наредната недела ќе заврши распределбата на учебниците.

- И тука имаше некои објективни потешкотии, но се ќе заврши како што треба. Да бидеме трпеливи уште неколку дена, порача Атанасов.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер