Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион
1Николоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регион
3Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
МакедонијаНови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид, најавена интензивна изградба Владата денеска усвои Предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“.Анекс со кој се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како подизведувачи. Со предлогот е предвидено со нов, трет анекс, пак, што би се склучил околу 10-ти следниот месец да се утврдат цените за дополнителните градежни работи неопходни за одблокирање на проектот што беше во застој поради проблеми со проектната документација, несоодветни геомеханички испитувања, нерешена експропријација на земјиштето. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по денешната седница на Владата најавија дека законот уште денеска ќе биде испрати во Собранието. Со тоа, како што истакнаа, почнува да се решава проблемот за овој капитален проект, кој заедно со планираното интензивирање на работите за железничката делница Куманово – Бељаковце и за гасоводот треба да овозможи подобрување на состојбите во градежништвото по големиот пад во изминатиот период. Анѓушев појасни дека Владата одлучила да го продолжи проектот затоа што согласно со договорот што го склучила претходната власт со „Синохидро“, реалната состојба на терен и обврските што не ги исполнила македонската страна, изведувачот најавил низа жалби со кои ќе се плателе големи оштетни побарувања и можело да дојде до ситуација и воопшто да не се изгради патот. Во таква ситуација ќе имало огромни штети за ангажираните домашни компании и ќе се предизвикал домино ефект врз целата економија. Со помош на домашни и странски експерти и консултанти успеале да договорат „Синохидро“ да се откаже од жалбите, а услов за македонската страна со преговарите кои се во завршна фаза е значително намалување на разликите во цените со подизведувачите согласно ФИДИК правилата. - Од она што го имавме како евиденција цените коишто се плаќани од страна на нашите претпријатија кон „Синохидро“, а понатаму за истите тие работи кај што работеле подизведувачите што „Синохидро“ ги платил кон македонските подизведувачи, во просек има разлика во цената од 56 проценти. Тоа е така направено во основниот договор, а ние тоа не можеме да го продолжиме. Апсолутно беше услов и без тој услов не продолжуваме, односно тие разлики во цените да се намалат и да бидат согласно ФИДИК правилата, да има цена на подизведувач, признаен трошок на изведувачот..., рече Анѓушев. Во преговорите, дополни, мислам дека тие разлики ќе ги намалиме до 10 проценти, што значи дека ќе се направи 46 проценти разлика во цената за дополнителните количини кои се надвор од договорот, и кои ќе следат, а кои се предизвикани од дополнителните клучки, усеци, регионални патишта, и промена на технологија на тунелот. Очекува во септември, октомври и доколку дозволат временските услови и во текот на зимата, интензивно да се работи и да има сериозна градежна офанзива на оваа делница. Како што укажа министерот Сугарески, се ослободуваат 205 милиони евра кои ќе можат да се користат по сите ставки бидејќи согласно основниот Договор дел од средствата за одредени ставки не можеле да се користат. - Со овој Предлог закон завршуваме работа за два момента, едниот дел е да продолжи изградбата на сегментите каде е застаната, а вториот е да може да се вршат плаќањата на кинеската компанија кон другите компании кои работат, рече Сугарески. За изградбата на автопатската траса во должина од 57 километри ќе треба да се примени целосно нова технологија за изградба на тунелот кај Врбјани во должина од четири километри, кој со првиот проект бил предвиден за градба на земјипште со прва категорија, наместо со шестам односно на меко змејиште а не на карпест дел како што с епрепчорачува од експретите. Воедно ќе треба да се градат девет нови клучки и регионални патишта со оглед дека со постојниот проект не е предвидено поврзување на околните населени места со автопатската делница. Изградбата на автопатот стартуваше во февруари 2014 година и според постојниот договор требаше да чини околу 400 милиони евра.Со продолжувањето на рокот за изградба автопатот треба да биде готов до средината на 2021 година. Според најавата од министерот Сугарески, рокот за изградба на автопатот Миладиновци-Штип што завршува на крајот на месецов нема да биде пролонгиран од аспект на градежни работи, туку е можно минимално продлжување на активности за поставување сигналзиација и слични активности./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаНиколоски: На Денот на независноста, охридскиот аеродром доби нов модерен лик- станува симбол на Охридскиот регионЗа само две години успеавме аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид да добие нов современ лик, олицетворение на Охридскиот регион. После 56 години аеродромот се реконструира со што ги отвораме вратите за уште повеќе туристи и авиокомпании и бројките се над очекуваните, преку 240 илјади патници од почетокот на годината до сега, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоција на реконструираниот аеродром во Охрид. “ Мислам дека нема поубав ден од Денот на независноста, 8-ми септември, за да се отвори еден навистина прекрасен објект. Еден објект којшто низ белата боја го доловува она што е најубаво за Охридското Езеро и за целиот Охридски регион. Навистина сум пресреќен што еве денеска, после напорна работа, успеваме да отвориме практично нов аеродром, односно успеваме да отвориме една терминална зграда заедно со помошни простории коишто значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претходно. Ако последните големи интервенции овде се правени некаде во 1970-тата година, тогаш не е тешко да се пресмета дека точно 56 години Охридскиот аеродром во делот на терминалната зграда, во делот на полетување и на слетување беше во исти или слични услови. Тоа е од една страна долг временски период, но од друга страна па ја покажува посветеноста на оваа Влада која што работи само две години да ги менува работите. И како што ги менуваме работите насекаде низ државата, секако ги менуваме и тука” - истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алекснадар Николоски, Паралелно со аеродромот се работи и на инфраструктурата за да може да се заокружи една целина во развојот на овој регион, потенцира Николоски. “Секако на овој практично нов аеродром многу ќе му помогне и новата инфраструктура. Знаете дека интензивно се гради автопатот Охрид-Кичево, веќе дел од до аеродромот е завршен, веќе може од Охрид до аеродромот да се стигне по автопат. Се стига до една убава клучка која што навистина е убаво хортикултурно уредена и на тој начин практично побрзо да се патува до Охридскиот аеродром. Знаете дека интензивно работиме на завршување на автопатот, најтешката делница ќе се отвори во следните месеци, очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и на работа на останатите делници кои што треба да значат поврзување и со Скопје и со Скопскиот аеродром ”- истакна заменик претседателот на Владатa, Николоски. Тој истакна дека бројките во ависообраќајот ги рушат сите рекорди. Преку 240 илјади патници на охридскиот аеродром до сега и очекувањата се дека вкупно оваа година ќе има околу 4 милиони патници. Заменик претседателот Николоски дополни дека реконструкцијата на аеродомрот има своја симболика. “ Прво, симболиката која што ја има реконструкцијата на аеродромот. Второ, едни прекрасни мозаици коишто ве поканувам сите да ги видите, коишто се реплика на мозаиците кои што се наоѓаат низ стариот град на Охрид, низ Варош, но главно се наоѓаат кај Плаошник и навистина се прекрасно реставрирани. Сакам да се заблагодарам на сите коишто работеа, на сите институции од културата и на сите оние коишто работеа на реставрација. И третата работа, имаме една прекрасна реплика на фреските од катедралната црква Св.Софија, така што овој аеродром покрај аеродром е и еден мал музеј којшто го претставува регионот и се надевам дека сите коишто ќе патуваат оттука ќе уживаат” – додаде Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Охрид: Пуштен е во употреба реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на Денот на независноста на Македонија го пушти во употреба реновираниот охридки аеродром „Св.Апостол Павле“.„Добар ден и од мене, најпрво да заблагодарам на присуството на колегите од Владата, на градоначалниците, на пратениците од македонското собрание, на претставниците на општините кои се во близина на охридскиот аеродром, да се заблагодарам на раководството на ТАВ аеродроми кој што е дел од француската групација Aéroports de Paris, да се заблагодарам на претставниците на медиумите кои што исто така континуирано во периодот кој што е зад нас не пратат и кои што со нивното известување сето она кое што го правиме го доближуваат поблиску до граѓаните. Можам да кажам дека ова денеска што го гледаме овде во Охрид означува значаен исчекор во насока на подобрување на квалитетот на услугите кои што аеродромите во Македонија ги нудат, со ова охридскиот аеродром навистина добива една поинаква динамика, едно поинакво светло, еден поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ќе ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува, а ние како Влада ќе продолжиме да ја поддржуваме таа активност со поддршката којашто и досега ја дававме. Во периодот кој што следи ќе гледаме таа уште повеќе да ја зголемиме бидејќи охридскиот аеродром е значајна алка пред се за развојот на целокупниот регион, за развој на Македонија како држава, но истовремено и развој на Охрид, на Струга и другите општини кои што се во близина на овој аеродром, повеќе туристи, повеќе туристички потенцијал затоа што на тој начин ние практично ја развиваме и македонската економија. Од тоа што можев да го дознам, од претставниците на ТАВ аеродроми коишто навистина импресионираат со нивната работа во Македонија изминативе години, е фактот дека оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден кога практично имаме добиено најголем број на патници до сега во историјата, повеќе од 3 илјади на еден ден. А, исто така имаме и ден кога има повеќе од 20 полетувања што исто така претставува значајна бројка, бројка која што е за почит. Јас сум убеден дека во периодот којшто претстои со овие градежни активности и поддршката која што ја даваме како Влада овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до ние бројки коишто претставуваат наш нов таргет, бидејќи на оној неформален дел пред овој настан кога разговаравме заклучивме дека таргетите кои што беа поставени пред нешто помалку од 20 година одамна се пристигнати и надминати, сега се бориме со нови таргети и убеден сум дека тие нови таргети ќе бидат дел од агендата на концесионерот. Но исто така ќе бидат дел и од агендата на македонската влада , а ние ќе продолжиме и понатаму на инвестираме во инфраструктурата и да ја направиме Македонија она што за нас претставува цел, а тоа е крстосница во регионот што претставува значајна, стратешка, компаративна предност споредена со останатите земји во регионот. Јас знам дека имаме сеуште многу проблеми за решавање, знам дека можеме не се живее онака како што посакуваме да се живее, но исто така сум убеден дека со сите овие инвестиции кои што ги прави македонската влада, со сите овие активности коишто ги правиме како Влада денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години. А убеден сум дека за три години од денеска Македонија ќе биде уште подобро место за живеење споредено со денес. На што го темелам ова мое убедување? Го темелам на фактот дека сме мотивирани како никогаш досега, а поддршката која што ја добиваме од граѓаните не инспирира како никогаш досега да продолжиме да работиме, да испорачуваме тоа што граѓаните го очекуваат од нас. Уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите присутни, за поддршката која што ја даваат, за реализирање на сите овие проекти, уште еднаш да се заблагодарам на концесионерот ТАВ аеродроми кој што е дел од француската групација Aéroports de Paris, да посакам уште многу проекти да реализираме заедно на македонските аеродроми, па и во Скопје и на овој тука во Охрид. Уште многу години успешна заедничка соработка. На медиумите исто така да им се заблагодарам што исто така континуирано ја следат работата на Владата и објективно информираат кај граѓаните она што македонската влада го прави и сосема на крај би сакал да го честитам денот на независноста. Нека ни е честит празникот, и нека ни е вечна Македонија. Ви благодарам.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Европската комисија да ја поддржи забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години во ЕУ. Неговата канцеларија објави дека тој се одлучил за тој потег откако Франција не успеа да воведе свој закон, пишува Ројтерс. Писмо до Урсула фон дер Лајен Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 29 август, Макрон изјави дека воведувањето забрана на ниво на целата Унија станало итно. Тој нагласи дека новото законодавство на ЕУ е неопходно бидејќи францускиот Уставен совет го отфрли националниот закон ова лето, непосредно пред да стапи на сила во септември. „Верувам дека сега е потребно да се оди чекор понатаму и да се воведе единствена забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години преку новата европска законска рамка. На тој начин би ги заштитиле сите деца во Унијата“, напиша Макрон во писмо до кое дошле Ројтерс и други медиуми. Поделени ставови во Европа Откако Австралија воведе таква забрана минатата година, неколку европски земји размислуваат за слични ограничувања. Причината е растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз менталното здравје и безбедноста на младите луѓе. Сепак, некои земји, особено оние во Скандинавија, веруваат дека одлуката треба да ја донесат родителите. Приоритетот на Макрон и плановите на Комисијата За Макрон, ова прашање стана приоритет во последната година од неговиот претседателски мандат, пред изборите во 2027 година. Тој веќе некое време лобира кај другите влади на ЕУ да ги поддржат овие ограничувања. Тој исто така најави дека, без оглед на исходот на европско ниво, Франција ќе го финализира законот што Уставниот совет го поништи, иако политичката фрагментација во парламентот и тешките преговори за буџетот би можеле да го отежнат неговото усвојување. Фон дер Лајен уште во јули изјави дека Европската унија ќе преземе чекори за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за најмладите во сите 27 земји-членки. Таа се осврна на предлозите на двајца автори кои препорачуваат воведување систем по возрасни групи. Според тој модел, децата под 13 години би имале само ограничен надгледуван пристап, додека ограничувањата постепено би се ублажувале со возраста. Макрон, од друга страна, се залага за построг пристап и повикува на целосна забрана за користење на социјалните мрежи до 15-годишна возраст. Тој го испраќа своето барање пред говорот за состојбата на Унијата што Фон дер Лајен ќе го одржи во Европскиот парламент на крајот од овој месец.Тагови: Емануел Макрон социјални мрежи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook