Пендаровски: Да седите дома на 30 септември е неодговорност кон себе, кон семејството и кон државата

Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, истакна Стево Пендаровски.

Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, истакна Стево Пендаровски, национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

Од Битола Пендаровски воедно порача дека референдумот ќе биде успешен затоа што голема е предноста на граѓаните кои сакаат Македонија еднаш засекогаш да биде заедно во друштво со најголемите држави во светот.

- Во договорот со Грција зецементиран е македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа ќе биде признаено од целиот свет, од меѓународните организации почнувајќи од најголемата Обединети Нации каде македонскиот јазик ќе се преведува на сите шест официјални јазици во ОН каде членуваат 193 држави членки. Неможам да видам, изјави Пендаровски, аргумент на страната на оние кои велат дека договорот е капитулантски, дека не треба да биде поддржан, а особено неможам да видам аргументи кај оние кои тврдат дека ние воопшто не треба да се асоцираме кај двете најголеми меѓународни организации, Европската унија и НАТО затоа што наводно тие биле на заминување, во распаѓање и дека час поскоро треба да се оддалечуваме наместо доближуваме кон нив.

Според него, не треба да има никакви дилеми зошто треба да се биде дел од ЕУ и НАТО, бидејќи станува збор за организации во кои членуваат најмоќните држави на светот, држави кои во воена, економска, политичка и стратешка смила се највлијателни.

- За нас ќе биде чест, еден ден како мала држава да бидеме на иста маса со најмоќните држави кои практично го обликуваат светот во кој живееме, и во таа смисла, немам никакво разбирање особено за оние кои повикуваат на бојкот на референдумот, легитимно и демократско е правото да се биде против, но не и за бојкот бидејќи станува збор за историска пресвртница во која треба да кажеме ДА за македонската иднина. Да седите дома на 30 септември е најголем степен на граѓанска и лична неодговорност кон себе, кон сопственото семејство и кон државата во која живеете, истакна Пендаровски, кој попладнево во Битола во салата на битолскиот театар ќе одржи и јавна граѓанска трибина.

Трикратниот шампион Игор Иџе Стефановски во поход по нова европска титула

Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.

Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.

Чави останува на клупата на Барселона до крајот на договорот, јуни 2025 година

Шпанската легенда Чави ќе остане тренер на фудбалерите на европскиот гигант Барселона до јуни 2025 година.

Фудбалскиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, ќе остане во каталонскиот клуб до крајот на договорот, односно до јуни 2025 година, јавуваат шпанските медиуми.

Чави во јануари годинава објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. Шпанските медиуми пренесуваат дека Чави одлучил да остане во клубот до крајот на договорот за време на денешниот разговор со претседателот на Барселона Жоан Лапорте и спортскиот директор Деко.

Чави наводно ги прифатил условите на челниците на Барселона на средбата со клупските челници, а каталонскиот клуб во наредниот период треба официјално да ги соопшти деталите од договорот.

44 годишниот Чави ја презеде Барселона во 2021 година. Каталонскиот клуб е на второто место во поредокот во Ла Лига со 11 бодови помалку од првопласираниот Реал.

Николоски од Подгорица: Полноправното членство во ЕУ најбрзо преку економското приближување

  Економското приближување на земјите од Западен Балкан до ЕУ е вистинската формула за остварување на нашата заедничка цел како регион - полноправно членство во ЕУ. 

Имплементацијата на реформите се вистинскиот чекор, а тие чекори се поттикнати и со новиот План за раст на Западен Балкан на кој интензивно работиме и од двете страни и земјите од регионот и ЕУ, порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски кој во Подгорица учествува на состанокот на министри од регионот и претстаници од ЕУ посветен на Планот за раст на Западен Балкан.

- Ваквиот регионален формат на состанување, кој е трет посветен на Планот за раст, претставува ефикасен модел за забрзување на реформската агенда. Реформската агенда во РС Македонија е веќе усвоена од страна на Владата и испратена во ЕК. Она што е важно е да дадеме поттик во остварување на тие реформски процеси и да го забрзаме нивното спроведување. Тоа ќе биде нашиот вистински пат за да стигнеме до ЕУ, истакнал заменик-министерот Николоски.

Како што соопшти Министерството за финансии, на регионалниот состанок Николовски се осврнал на конкретните активности што ги презема Владата во однос на пристапувањето на земјата кон СЕПА регионот и унапредување на зелените коридори.

- РС Македонија изрази подготвеност да ги исполни критериумите за блиски економски и правни односи со ЕУ и подготвеност да врши платни трансакции во евра преку пристапувањето во СЕПА. Тоа од причина што ќе придонесе за отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Барањето е подготвено и се очекува да се поднесе апликацијата до средината на оваа година, нагласил Николоски.

Тој додал дека дополнителни придобивки се очекуваат и од унапредувањето на зелените коридори кои беа воспоставени за време на ковид-кризата.

- Постојните зелени ленти веќе придонесоа за намалување на времето на чекање на граничните премини, а со нивното натамошно проширување, ќе се обезбедат непрекинати синџири на снабдување и засилена трговија, што ќе го направи регионот поатрактивен за инвеститорите Со нивното проширување ќе се вклучат повеќе видови стоки коишто ќе бидат опфатени со зелените коридори, како и гранични премини меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, рекол заменик-министерот за финансии.

Притоа посочил на поддршката што ЕУ ја дава во областа на царината, како и на посветеноста на Владата во спроведување на националните реформи во оваа област. Тој нагласил дека понатамошното унапредување на царинската соработка треба да се фокусира не само на олеснување на трговијата, туку и на заштита на финансиските интереси и на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, како и на безбедноста граѓаните.

Ова е трет министерски состанок посветен на Планот за раст. Првиот се одржа во Скопје, вториот во Тирана и на денешниот состанок домаќин е Подгорица.

притисни ентер