Ферари продаден за рекордни 50 милиони долари

Ферари 250 GTO од  1962. година стана најскапиот автомобил на сите времиња, продаден е на аукција.

По возбудливото наддавање на богатите колекционери на класични автомобили кое се одржа во Монтереј , на аукцијата на  RM Sotheby’s, тркачката верзија на Ферари постара од половина век достигна цена од  48,4 милиони долари.

Почетната цена на аукцијата изнесувала 33 милиони , а конечната достигнала до 44 милиони, но со пресметаниот данок автомобилот со цената го урнал историскиот рекорд. И претходно аукцискиот рекорд го држел спортски Ферари , продаден во 2013 за 38,1 милиони долари.

Рекордот за продажба на аукција го држи Ферари , но и рекордот за најскапо продаден автомобил во историјата му припадна на истиот модел.

За  Ферари 250 GTO годинава американскиот милионер и колекционер  Дејвид Мекнил платил 80 милиони долари. Купопродажбата била извршена директно меѓу сопственикот и милионерот. Ферари 250 GTO од 1962 година е произведен како трет примерок по ред од вкупно изработените 36 примероци на овој автомобил .

На почетокот бил користен како тест автомобил , а потоа го возел и возачот на Формула 1, Фил Хил.

Првиот произведен автомобил во 2000 го купил доктор Грег Витен , еден од водечките експерти на Мајкрософт. Не е познато колку га платил тогаш автомобилот.

притисни ентер