Ќе се произведува електричен Јагуар класик

Електричниот Јагуар класик предизвика огромен интерес откако во него на кралската венчавка  се возеа прицот Хари и Меган.

Еден од најубавите автомобили во историјата се враќа на сцената  по своевидната „трансплантација“ на срцето. Класикот бил оптимизиран со електрични компоненти, повратната реакција била толку добра што Јагуар Класик одлучил автомобилот да го стави на продажба.

Јагуарот „ E-Type Zero“ ќе биде понуден на засега се уште непозната фондација. Истовремено  постоечките сопственици на оригинали примероци ќе може да одработат истите модификации.

Првите испораки на електричниот Јагуар Класик  може да се очекуваат на лето во 2020 година. Цената на автомобилот ќе биде дополнително објавена, но сигурно ќе биде многу голема.

Класикот на Јагуар со оваа надградба го губи моторот со шест цилиндри и добива силен електромотор наполнет со батерии со капацитет од 40 киловат часови.

Новиот класик ќе биде полесен за околу 50 кг, и за 5,5 секунди ќе може да оствари брзина од 100 километри на час. 

Мерцедес најави откази за менаџерите , нема добри вести ниту за 300 000 работници

Како и поголемиот дел од автомобилската индустрија, и Дајмлер се бори со опаѓањето на продажбата  како резултат на рецесијата, а има и стандардни проблеми како повлекување на модели и казни за дизел моторите со прекумерна емисија.

Еден од начините за борба против ваквите проблеми е да се заштеди, што во превод значи затегнување на ременот за работниците, како и за менаџерите. Во Дајмлер товарот на рецесијата веројатно ќе го почувствуваат сите вработени. Со овој план за штедење , Дајмлер ќе го намали бројот на раководни позиции за 10% или ќе отпушти околу 1100 вработени на раководни позиции. Покрај тоа, месечниот додаток за останатите 300.000 работници во Германија ќе биде замрзнат. Веста беше објавена од германскиот „Зидојче Цајтунг“, а потврдата дојде и од Ханделсблат и германската новинска агенција ДПА.

Дејмлер засега ги демантира отпуштањата, но веста се очекува да ја објави во четврток првиот човек Ола Калениус . Наводно, тој ќе ги замоли работниците да не бараат покачување на платите до следното известување, сè додека не се отстранат последиците од споменатите проблеми со дизел моторите , скапите повлекувања на модели и пазарните предизвици.

Познато е дека трошоците за повлекувањето на 60.000 примероци на дизел моделот GLK, поради преголема емисија достигнаа 2,6 милијарди евра. Значи, не треба да изненадува што во вториот квартал Дајмлер претрпе минус од 1,2 милијарди евра, за прв пат по десет години.

Жена тајно снимила повик за помош: Газдите ме злоставуваат , ми ги горат рацете со врело масло !

Домашна помошничка од Бангладеш , која работи во Саудиска Арабија објави на социјалните мрежи порака за помош во која вели дека газдите ја малтретираат и сексуално ја злоставуваат , а меѓу методите им биле и горење со жешко масло и врзување.

Како што пишува Дејли Меил, жената на социјалните мрежи објавила видео , кое тајно го снимила , а во кое низ солзи раскажува за своето тешко искуство јак саудиските газди.

На снимката таа вели дека очајно сака  да се врати дома,зашто  била нападната, изгладнета и затворена 15 дена.

По оваа објава, Бангладеш побара таа да се врати од Саудиска Арабија. Жената го објавила видеото на Фејсбук, каде е споделено илјадници пати, обвинувајќи ги нејзините газди за безмилосен сексуален напад. Таа дури и ги покажа рацете целите со лузни.

„Можеби нема да преживеам. Ве молам, спасете ме. Ме затворија 15 дена и едвај ми даваат храна за тоа време. Ми ги гореа рацете со врело масло и ме врзуваа “, рече 25-годишната жена.

Нејзината објава предизвика протести во главниот град на Бангладеш, Дака, против лошите услови за работа.

„Ме носеа од една во друга куќа. Во прво време ме мачеа и тепаа повеќе пати, а потоа ме однесоа во друга куќа, каде го сторија истото. Не верувам дека ќе преживеам. Мислам дека ќе умрам овде. Ме тепаа и измачуваа. Ве молам, спасете ме, извадете ме од тука “, вели младата жена низ солзи.

Невладина организација во Бангладеш, обидувајќи се да ја донесе дома, рече дека 25-годишната жена сè уште живее со својот работодавец во Џеда и дека и го земале мобилниот телефон откако ја снимила видео пораката.

Од 1991 година, околу 300.000 жени од Бангладеш отпатувале на работа во странство.

Владата на Дака минатата недела ја повика државната агенција за труд да ја врати оваа жена што е можно поскоро.

Нејзиното семејство во Бангладеш се обидува да стапи во контакт со неа, но велат дека не успеале.

Русите испробаа рачно направен автомобил од бетон (ВИДЕО)

Група руски ентузијасти решија да направат автомобил од бетон , така што на популарен руски џип му направија бетонска обвивка.

За основа е искористено легендарното теренско возило УАЗ, Model 469, кој се произведува со децении без поголеми измени. Сега на овој СУВ му беше направено грубо , а потоа и фино прекривање со бетон. УАЗ е познат по тоа што издржува голема тежина и се пробива низ пречки без забележително оштетување.

Бидејќи Русите се забавуваа со бетонското возило, каналот Garage54 ни ја претставува забавата.

притисни ентер