Македонски државјанин киднапиран и убиен во Авганистан

-Македонски државјанин е киднапиран и убиен во главниот град на Авганистан, Кабул. Тој е убиен заедно со уште двајца странци кои работеле за меѓународна компанија за храна во Кабул.

- Индиски, малезиски и македонски државјанин беа киднапирани и убиени, а ги пронајдовме нивните тела", изјави денеска портпаролот на началникот на на полицијата во Кабул Хашмат Станекаи.

Портпаролот прецизира дека тројцата работеле во втората по големина компанија за храна и кетеринг во светот Содексо.

Авганистански претставник соопшти дека нивните лични карти биле пронајдени покрај нивните тела и оти сега бараат потврда од фирмата за која работеле.

Минесота ќе го продолжи договорот со тренерот Финч

Минесота тимбервулвс одлучи да го продолжи договорот со главниот тренер Крис Финч.

Како што објави „ESPN“, клубот од Минеаполис ќе потпише нов договор со 54-годишниот кошаркарски стручњак, кој ќе важи до крајот на сезоната 2027/28.

Финч ја води Минесота од 2021 година. Под негово водство, тимот стигна до плејофот во НБА во последните три сезони.

Во сезоната 2023-24, „Волците“ стигнаа до финалето на Западната конференција, најдоброто остварување во историјата на клубот.

Кривична пријава за дебранец за семејно насилство

Одделението за внатрешни работи во Дебар, за само неколку дена поднесе две кривични пријави за семејно насилство.

Денеска поднесена е кривична пријава против А.Ч.(41) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

-Тој на 10 месецов во 18:30 часот, бил агресивен кон неговата сопруга, вршел психичко малтретирање врз неа и кон нивните малолетни деца, информираше Стефан Димовски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Само неколку дена претходно дебарското одделение поднесе кривична пријава против А.Ј.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“.

А.Ј. во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.

Ова се само два од најмалку десетината регистрирани случаи на семејно насилство годинава, но, според надлежните бројот на ваквите случаи е многу поголем.

Од домашно производство е 91.5 % од потрошената струја во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 437 116 МWh електрична енергија, 12.002 мил. нм3 природен гас, 415 631 тони јаглен и 85 745 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

притисни ентер