Што од клучните барања доби Мицкоски, што побара и што не доби Заев?

Референдумот е пречката која вчера не успеаа да ја надминат власта и опозицијата.

ВМРО – ДПМНЕ во овие разговори одби директно да го поддржи референдумот на кој граѓаните треба да кажат дали се за или против, преку договорот со Грција, земјава да стане дел од Европската Унија и НАТО. Според синоќешните изјави кои ги дадоа лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕсе заклучува дека Власта попуштила, односно ги прифатила следниве барања на најголемата опозициска партија.

Техничка влада по “пржински” модел пред избори

Финансирање на политичките партии со кои се регулира донирање

Претседателско место и избор на ДИК по стариот модел односно со двотретинско мнозинство во парламентот..

За последново сепак не се знае точно што и како договориле лидерите на партиите.

Во овие преговори според инфомациите од СДСМ имале само едно конкретно барале. ВМРО-ДПМНЕ да го прифати референдумот и да повика граѓаните, по сопствено убедување да гласаат за или против договорот со Грција. Тука и запнале работите.

Во ВМРО имаат друг поглед на работите.

Партиите барем засега се затворени за повеќе детали за тоа што точно било разговарано синоќа во клубот на пратениците. Како и да е роковите газат и сосема е веројатно дека многу брзо лидерите уште еднаш ќе седнат на заедничка маса во обид да се договорот за референдумот, по што ќе стане јасно дали ќе останат доследни на ставот кој со години го повторуваа, а тоа е дека ќе поддржат референдум за договор за името. Дополнително, барем засега граѓаните имаа можност да го слушан предлогот за референдумско прашање кој го даде владата, но конкретен предлог од ВМРО-ДПМНЕ јавно не дадоа, односно останаа на ставот дека тоа не треба да биде двосмислено и покрај тоа што за поголем дел на граѓаните и интелектуалната јавност, прашањето “дели сте за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот со Грција” е повеќе од јасен.

Маж собори Гинисов рекорд во чудна дисциплини и испрати силна порака (ФОТО)

Магистер по шумарство Абубакар Тахиру (29) постави рекорд во необична дисциплина и влезе во Гинисовата книга.

За еден час прегрнал 1.123 дрвја во Националната шума Тускеги во Алабама и морал да исполни одредени услови за достигнувањето да се брои.

За да го постави рекордот, Абубакар морал да го прегрне секое дрво со двете раце, но да не предизвика никаква штета.

Не можел да прегрне ниту едно дрво повеќе од еднаш, па морал брзо да се движи, пренесува UPI.com.

Тој постел за Рамазан додека се обидувал да го постави рекордот, што му ја отежнало ситуацијата.

„Неможноста да се напие вода беше значаен предизвик. Но, и тоа на некој начин се покажа корисно, бидејќи немав потреба од паузи“, објаснил тој.

Освен што своето име го внесе во Гинисовата книга, Абубакар сакал да ја подигне свеста за важноста на дрвјата и заштитата на животната средина.

Тој се заинтересирал за екологијата додека растел во земјоделската заедница Тепа во Гана.

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на општина Арачиново.

Пред присутните, Пендаровски порача дека во досегашниот мандат покажал дека е претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа и дека така ќе продолжи и во следниот мандат.

„Никогаш не сум бил и не се кандидирам за претседател само на Македонците. Ќе бидам претседател на сите, како што бев глас на секој без оглед на етничка и каква било припадност. Промовирањето и претставувањето на сите граѓани на Македонија ќе биде приоритет и во наредните пет години. “ порача Пендаровски.

Пендаровски посочи дека очекува голема поддршка на осми мај за државата да продолжи напред, како демократска, мултиетничка, прогресивна држава на рамноправни граѓани.

„Само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ, се друго е продавање на политичка магла и обиди за враќање во времињата на тензии, поделби и неизвесност. Македонија нема друга опција освен продолжување на преговорите за членство во ЕУ додека да станеме дел од големото европско семејство. На 8 мај сите заедно да гласаме за европска Македонија, тоа се гарантира само со заокружување на бројот 1“ посочи Пендаровски, сопштуваат од неговиот тим.

Четворица загинаа во судар во полициска потера по ограбувач на банка кај Торонто (ВИДЕО)

Во судар кај Торонто во текот на полициска потера по осомничен ограбувач на банка кој бегал со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио.

Судирот се случил во близина на излезот на автопатот 412 во Витби, на околу 50 километри источно од Торонто.

На видеото споделено на платформата „Икс“ се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопат и потоа удира.

Полиција во Онтарио го затвори автопатот во двата правци во текот на ноќта, но од изутрината сообраќајот се одвива непречено.

притисни ентер