14- годишно момче загина во нападот со нож во Лондон, убиецот одел од куќа до куќа (ВИДЕО)

Во денешниот напад, во близина на станица во Лондон, загина 14-годишно момче, а неколку лица се повредени.

Момчето итно било пренесено во болница, но за жал брзо починало, објави Би-Би-Си.

„Повредените лица бараат лекарска интервенција, но веруваме дека нивните повреди не се опасни по живот“, велат од полицијата.

Според главниот наредник Стјуарт Бел, 36-годишниот маж кој е уапсен утринава бил приведен нешто пред 7 часот наутро, 22 минути откако полицијата го примила првиот повик.

Во моментов е во притвор.

„Би сакал во овој момент да потврдам дека не веруваме дека постои закана за пошироката јавност и не бараме други поединци“, додаде Бел.

„Се чини дека инцидентот не е поврзан со никаков терористички акт“, рече тој.

Пред нападот, маж во жолта качулка удрил со својот автомобил во куќа, а потоа излегол од возилото и почнал да мавта со самурајски меч.

На видеата направени од случајни минувачи, тој може да се види како шета од куќа до куќа и клечи покрај прозореците.

ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на ЈО Мемети

Обвинителството отвори истрага против врховниот судија Наке Георгиев и членот на советот на јавни обвинители Иџет Мемети, осомничени за примање награда за противзаконито влијание.

Истрагата доаѓа по акцијата на МВР а по пријава на син на обвинет во предмет на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Деталите ги има Михајло Видимлиски кој е пред Кривичниот суд.

Михајло дали врховниот судија е веќе спроведен во Кривичниот суд?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Во Појасот Газа за еден ден загинале 85 луѓе

Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа при израелските напади врз Појасот Газа убиени се 85 луѓе.

Вкупниот број на загинати од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас се искачи на 35.647 луѓе.

Во седуммесечната војна повредени 79.852 луѓе. Најголем број од жртвите се деца и жени. /МИА

Денеска предизборен молк, утре се прегласува на седум избирачки места

45 болни и изменоштени, пет лица кои се во затвор и две во старските домови денеска можат да го искористат своето право на глас на прегласувањето во седум избирачки места во петтата  и шестата изборна единица.

45 болни и изменоштени, пет лица кои се во затвор и две во старските домови денеска можат да го искористат своето право на глас на прегласувањето во седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, каде беа регистрирани низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај. Главниот дел на прегласувањето е утре, кога своето демократско право на две избирачки места во Крушево, две во Долнени, и по едно избирачко место во Струга, Охрид и Желино ќе можат да го остварат вкупно 4521 лице. Од ДИК соопштија дека се целосно подготвени за прегласувањето на овие избирачки места каде именувани се нови претседатели и членови на избирачките одбори, откако комисијата ги разреши претходните.

„ ДИК е подготвена да се спроведат изборите како денеска, така утре, дистриубиран е доверливиот изборен материјал во текот на денешниот ден се дистрибнуираат уредите за биометриска идентификација на гласачите подготвнеи се и општинските изборни комисии и избирачките одбори за законито и регуларно спроведување на гласањето, “-Радица Тодоровска Алексовска – Портпаролка на ДИК.

Од МВР очекуваат и утрешното прегласување да помине во мирна и демократска атмосфера и апелираат доколку биде забележан било каков проблем или нерегуларност граѓаните да пријават во полиција.

„ Она што се покажа во двата изборни круга имавме мирни избори и се надеваме дека така ќе биде утре, но доколку има било каков проблем, инциденти или нарушување на гласањето да пријават граѓаните на 192, 112 или најблиската полициска станица.Апелираме до сите учесници ов изнорниот процес и граѓаните утре да имаме мирни избори како што имавме во првите два круга.“- Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Во меѓувреме, во ДИК се одржа јавна седница на која се доделија Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати од изборите на 8-ми мај.

притисни ентер