СДСМ: Кочниците за ДИК се кочници за волјата на граѓаните

Дпмневските кочници за ДИК се кочници за волјата на граѓаните и за македонската иднина, ние тоа нема да го дозволиме

СДСМ нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира реформите, а со тоа да ја блокира државата и нејзината иднина.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ пред граѓаните има обврска да изнајде решение за деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто по секоја цена се обидува да го блокира подоброто утре за македонските граѓани.

Измените на изборниот законик што беа направени во мај во согласност со сите партии предвидуваа обврска Државната изборна комисија да биде избрана во рок од триесет денови од стапувањето на сила на измените. Но, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ како на власт така и во опозиција, продолжува да не ги почитува договорите и законите, со цел се пазари за амнестија.

Со своето однесување, ВМРО-ДПМНЕ не само што го прекрши договореното туку и го попречува спроведувањето на законот. Наспроти блокадите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство ја презедоа должноста да овозможат формирање на ДИК и спроведување на договорениот закон.

Важно е да се напомене дека и при избор на членови на ДИК со апсолутно мнозинство, ќе се почитува одредбата дека опозицијата предлага свои членови, токму онака како што е договорено.

Деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ нема да го закочат изборот на ДИК и со тоа да го загрозат правото граѓаните да одлучуваат за својата иднина. Граѓните на референдум, слободно и без притисоци ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина.

Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер