Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина
Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
1Герила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната средина
2Директорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
МакедонијаОдговор на Канал 5 на реакцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПочитувани гледачи, Редакцијата на Канал 5 ТВ и особено тимот на „Само Вистина“ се зачудени од реакцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Игор Јанушев.Вистината е дека г-динот Јанушев ја прифати поканата за гостување, без никаков приговор, дури и со забелешка дека е „подготвен да се соочи со било кој“ од другата страна. Но, потоа,ја промени својата одлука откако дозна дека треба да дебатира со г-динот Хари Локвенец, кој патем, освен долгодишен пратеник е и член на најтесното раководство на СДСМ, Извршниот одбор, факт кој г-динот Јанушев би требало да го знае, или барем лесно можел да го провери. Оттука, јасно е дека нивото на било каков начин не е недостојно и не може да биде алиби за бегањето од соочување. Овде сакаме да упатиме порака до партиите и од власта и опозицијата, дека концептот и уредувачката политика на „Само Вистина“, и генерално на Канал 5, се и ќе бидат единствено наша внатрешна работа, но истовремено нашата јасна балансираност и професионалност се видливи и јасни за сите гледачи. На г-динот Јанушев се надеваме дека му е јасно дека заврши времето кога политичарите одлучуваа дали каде, кога и со кого ќе се соочат. Сега можат да ги прифатат поканите или да избегаат од соочување, што е вистинска штета во услови кога Македонија се ноаѓа на крстосница и кога граѓаните очекуваат да ги слушнат ставовите на сите во земјата. Но, тоа говори и за зрелоста на политичарите. И покрај оваа непријатна епизода, Канал 5 и „Само Вистина“ и понатаму ќе ги следат настаните на најголемата опозициска партија и остануваат отворени за претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерила акција со „паметна канта што зборува“ ги поттикна битолчани на поголема грижа за животната срединаПреку интерактивни пораки и директна комуникација со минувачите, паметната канта ги поттикнуваше граѓаните правилно да го одлагаат отпадот и да размислат за сопствената улога во одржувањето на чиста и здрава животна средина. Во рамките на активностите за подигање на јавната свест за заштита на животната средина во Битола, Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола реализираше герила акција на градското шеталиште со поставување на паметна канта за отпадоци што зборува. Преку интерактивни пораки и директна комуникација со минувачите, паметната канта ги поттикнуваше граѓаните правилно да го одлагаат отпадот и да размислат за сопствената улога во одржувањето на чиста и здрава животна средина. Акцијата предизвика голем интерес кај граѓаните од различни возрасти, кои со љубопитност ја следеа необичната инсталација и активно се вклучуваа во нејзината едукативна порака. Целта на оваа герила акција беше да се поттикне поголема јавна свест за одговорното управување со отпадот, да се охрабрат позитивни навики кај граѓаните и да се истакне дека секој поединец има важна улога во создавањето почиста, поуредена и позелена Битола. Активноста се надоврзува и на мерките предвидени во Програмата за животна средина на Општина Битола за 2026 година, која предвидува значајни инвестиции за подобрување на квалитетот на животната средина. Меѓу планираните мерки се изработка на Стратегија за развој на зеленило со буџет од 1.500.000 денари, како и поставување подземни садови за комунален отпад, за што се обезбедени 3.000.000 денари. Со комбинација од едукативни активности, активна вклученост на граѓаните и реализација на планираните локални мерки, Битола има можност да стане почист, позелен и поодржлив град. Герила акцијата е реализирана во рамките на швајцарскиот проект „Програма за поддршка на изборите“, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Содржината и изнесените ставови во оваа објава се одговорност на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Владата на Швајцарија или на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаДиректорот на Царина: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денариВо јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари - изградивме систем што испорачува резултати.Царинската управа во јули оствари историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. „Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво - почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните“, потенцира Николовски. Согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи. Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа оствари вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, нашата должност е да обезбедиме подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија“, истакна Николовски.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШпанците воведуваат нови правила во Ла Лига Шпанската Ла Лига влегува во новата сезона, која започнува на 15 август, со неколку нови правила чија цел е да се намалат прекините во играта и да се направи завршницата на натпреварите подинамична.Најзначајните промени се однесуваат на замената на играчи, повредите на голманите и прекините на играта. Според новите правила, фудбалерот што ја напушта играта ќе мора да го напушти теренот во рок од 10 секунди. Доколку не го стори тоа, на неговата замена нема да ѝ биде дозволено да влезе во игра сè до следната пауза меѓу полувремињата, кога судијата ќе ја одобри замената. Важната новина се однесува и на ситуациите кога голманот ќе се повреди при крајот на натпреварот. Во тој случај, тренерот ќе мора да одреди еден фудбалер од теренот кој исто така ќе го напушти теренот и нема да може да се врати во игра најмалку една минута по продолжувањето на натпреварот. Доколку тренерот не избере играч, капитенот на тимот автоматски ќе мора да го напушти теренот. Ова правило нема да се применува доколку судијата процени дека станува збор за сериозна повреда, потрес на мозокот или крварење. Промените се однесуваат и на изведувањето на прекините. Покрај при изведувањето на почетниот удар, тимовите сега ќе имаат на располагање пет секунди за изведување корнер, со цел дополнително да се забрза темпото на играта.Тагови: Фудбал Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter