ВМРО- ДПМНЕ:Економијата е руинирана, ништо од ветувањето на СДСМ

СДСМ својата неспособност на економски план се обидува да ја прикрие со штетни договори и капитулација на сите страни, се наведува во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ .

Огромната нула на економски план не може ниту еден капитулантски договор да ја прикрие. Нула проценти раст на БДП за 2017 година, и очаен раст од 0,1 процент за првиот квартал од 2018 година е резултатот од неспособноста на црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски.

Заев, Анѓушев и Тевдовски работат единствено за сопствените бизнис интереси и интересите на олигарсите кои се стекнаа со огромен капитал на грбот на граѓаните за време на криминалната транзиција повторно дело на СДСМ. Стравот кај граѓаните е реален, а се враќаат спомените од мрачните 90-ти кога илјадници граѓани остана без работни места и беа доведени на работ на егзистенцијата. Повторно се склучува договор со Грција со кој Македонија повторно губи и повторно тоа го прави влада на СДСМ. Секојдневно во медиумите може да прочитаме вести за стечајни постапки на фирми кои до пред една година успешно работеа, исто како во време на транзиција. Додека за сето тоа време кланот Заеви ги брои милионите на своите сметки.

Економијата е руинирана, ништо од ветувањето на СДСМ за 500-тини евра просечна плата, ништо од враќањето на парите кај граѓаните, поврат на ДДВ нема, единствено нешто што е сигурно е тоа што ќе бидат зголемени давачките на граѓаните кон државата. Даноците ќе се зголемуваат, акцизата веќе се зголеми, а куповната моќ на граѓаните е во континуиран пад.

Буџетот се полни на грбот на граѓаните, а секојдневно можеме да прочитаме за некое ново задолжување на државата. И покрај тоа што државата е на работ на должничко ропство, капитални проекти нема, реализацијата на капиталните инвестиции за првиот квартал од 2018 година е под 11 проценти. Каде одат парите, за кои граѓаните ги задолжува СДСМ? Дали можеби се инвестираат во плантажите за марихуана на Заев или пак во фирмите на Анѓушев?

Едно е јасно додека Македонија се носи кон економска депресија, истовремено се распродаваат државните и националните интереси наоколу. СДСМ е едно големо цунами за државата на сите полиња, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните. Народот знае што се случува, народот го живее ветениот „живот“ секој ден и се погласно вели, НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!, се наведува во соопштението.

Lamborghini Urus се претвори во прв супер спортски СУВ со хибриден погон (ФОТО)

Со додавање на електричен мотор, Urus стана уште помоќен, но не и побрз.

Со оглед на моменталната состојба на пазарот, ваков деловен потег на Lamborghini е целосно очекуван. Понудата за моделот Urus е проширена со верзија SE со plug-in хибриден погон. Спротивно на очекувањата, воведувањето на електрична енергија не го намали бројот на цилиндрите, но Lamborghini остана верен на V8 твин-турбо моторот.

Произведува до 620 КС, а му се придружува моќниот електромотор од 192 КС, вграден во куќиштето на осумстепениот менувач. Синергетскиот ефект е 800 КС и 950 Nm, што ја прави оваа верзија најмоќна во гамата. Не најбрза, бидејќи со забрзување до 100 km/h за 3,4 секунди, SE заостанува зад перформансите на Performante. Достигнува 200 km/h за 11,2 секунди, што е дури и подобро од Performante. Максималната е 312 km/h, исто како и Ferrari Purosangue.

Од друга страна, SE може да се вози исклучиво на електрична енергија. Има батерија од 25,7 kWh, што не е мала, но затоа досегот е сепак скромен - само 60 километри. Новата верзија исто така го отфрла класичниот спру во корист на виртуелен LSD систем во комбинација со нова електрохидраулична мултидиск спојка, која го распределува вртежниот момент помеѓу оските.

Новите технологии заштедија 20 кг, но на крајот SE сепак е за дури 300 кг потежок од бензинската верзија. Вагата ќе покаже дури 2540 кг. Lamborghini вели дека SE е исто толку брз на патеката како и Performance, но под услов да возат на исти гуми.

Во секој случај, избраната клиентела добила можност да избере „позелен“ дизајн, кој им овозможува да ги задоволат своите еколошки погледи и да останат под покровителство на брендот.

Визуелно, сепак, SE се дистанцира со детали како што се нови светла, редизајниран заден капак и нови бандажи од 23 инчи Galanthus. Кабината има уште поголем екран (12,3") и нови материјали за тапацирот.

Да кажеме и дека се очекува почетна цена од 230.000 евра, што секако нема да биде пречка за успех на пазарот. На крајот на краиштата, практиката го покажа тоа бидејќи Urus е најуспешниот модел на Lamborghini во историјата, со продажба што ги надминува дури и најоптимистичките планови.

Десетмина Србинки и Албанки се уапсени во Швајцарија- ги фатиле во рација во клуб

За време на рацијата во клуб во Сенвалд, кантоналната полиција на Сент Гален уапсила 20 лица, меѓу кои и генералниот директор.

Апсењата се пријавени поради кршење на законот за странци и интеграција, пренесува швајцарскиот весник на албанскиот Le canton27.ch, повикувајќи се на извори од кантоналната полиција.

Албанскиот весник „Ле Кантон“ од кантоналната полиција дознава дека се уапсени жени на возраст од 25 до 53 години, државјанки на Србија и Албанија. Со уапсените ќе постапува јавното обвинителство во кантонот Сент Гален.

Меѓу уапсените се и двајца генерални директори на клубот, Србин (49) и Црногорец (48), кои се осомничени дека нелегално вработувале државјани на трети земји.

При претресот, полицијата уапсила седум жени и еден маж, кои се сомничат дека илегално влегле во Швајцарија и работеле без валидна работна дозвола. Сега е потребно дополнително да се разјасни какви услуги давале пејачките и танчерките во клубот, изјавил портпаролот на полицијата за новинската агенција Keystone-SDA, пренесува Le Canton27.ch.

Да потсетиме, швајцарската полиција пред две недели спроведе слична акција во 13 локали и ноќни клубови во Цирих, при што беа приведени 47 лица, меѓу кои и албански пејачи. Полицијата запленила пиштоли, муниција и бејзбол палка.

Почина Афроамериканец во Охајо, откако полицаец му клечи врз вратот: Не можам да дишам (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз вратот.

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз неговото грлото и му ставија лисици, потсетување на случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година.

Видеото, снимено со камера на телото на полицаецот, е објавено вчера од полициската управа на Кантон, на кое се гледа како полицајците приведуваат маж, 53-годишниот Френк Тајсон, под сомнение дека го напуштил местото на несреќата на 18 април.

Полициското одделение не било веднаш достапно да го коментира видеото, кое беше објавено на интернет од неколку локални медиуми, ниту да ги потврди деталите за инцидентот.

Видеото трае 36 минути и започнува со тоа што полицаец наидува на автомобил кој удрил во бандера, по што случаен минувач му кажува на полицаецот дека возачот побегнал во блиската кафеана.

Полицајците на видеото потоа влегуваат во барот, каде што го наоѓаат Тајсон како стои во барот. Дошло до расправија кога се обиделе да го грабнат за раце, а тој постојано викал „Се обидуваат да ме убијат“ и „Повикајте го шерифот“.

Полицајците го туркаат Тајсон на земја и му ставаат лисици. Еден од нив му го става коленото на грбот, во близина на вратот и го држи таму околу 30 секунди.

На видеото се слуша како Тајсон повторува „Не можам да дишам, не можам, тргни се од вратот“, додека полицаецот извикува „Смири се“ и „Добро си“ пред да стане.

На видеото потоа се гледа како Тајсон лежи неподвижен на подот околу шест минути, со лицето надолу, додека полицајците разговараат со газдите на барот.

Полицајците потоа го проверуваат Тајсон, кој не реагира. Се слуша како велат „Дали дише?“ и "Дали има пулс?"

Осум минути откако му ги ставиле лисиците, ги вадат и почнуваат со CPR. Болничарите потоа пристигнуваат и го носат Тајсон од барот на носилки до амбулантно возило, како што се гледа на видеото.

Тајсон починал во локалната болница, според телевизијата WKYC, филијалата на NBC во Кливленд. Ројтерс не можеле веднаш да го потврди извештајот. Официјалната причина за смртта се уште не е утврдена.

Инцидентот потсетува на случајот со друг Афроамериканец, Џорџ Флојд, и неговата смртоносна средба со полицијата во Минеаполис пред четири години. Видеото од убиството на Флојд, снимено на мобилен телефон, стана вирално на Интернет и доведе до серија протести против полициската бруталност и расизмот низ целата земја. На тоа видео, Дерек Шовин, бел полицаец, може да се види како клечи на вратот на Флојд повеќе од девет минути додека Флојд, моли за живот повторувајќи „Не можам да дишам“ пред да замолчи.

притисни ентер