Дали Иванов може да го блокира договорот со Грција?

Законот со кој беше ратификуван преспанскиот договор веќе е на бирото од претседателот Иванов, потврдуваат од неговиот кабинет. Тој има 7 дена да се изјасни, но со оглед на неговиот став, веќе е извесно дека нема да го потпише.

Дали речиси сигурно вето од претседателот Иванов, може да го блокира спроведувањето на договорот со Грција? Ова е главната дилема во јавноста деновиве – и за тие што навиваат што побрзо тој да се реализира и за тие што навиваат тој никогаш да не стапи на сила..

Процедурата е прилично јасна.. Ако и по 7 дена претседателот не го потпише законот за ратификацијата, треба да го извести Собранието, а тоа во повторена процедура со најмалку 61 пратеник да го прегласа. Со оглед дека законот вчера доби поддршка од 69 пратеници, ова се очекува да не биде проблем, но законот потоа повторно ќе оди на потпис кај Претседателот, кој според членот 75 од Уставот е должен да го потпише.

Сепак, тоа не е гаранција дека Иванов ќе потпише, ако се има предвид како постапи со Законот за јазиците, користејќи ја правната празнина која не предвидува рок во кој треба да го стави потписот, па така законот остана во неговите фиоки.

Иако има многу сличности, во двата случаи има и разлики. Така, за законот за јазиците претседателот даде забелешки за речиси сите членови, но ниту една не му беше прифатена од Собранието, па посегнувањето по т.н. џебно вето може и да се разбере. Но, во овој случај, станува збор за закон за ратификација на меѓународен договор - оттаму не е можно интервенирање во него со било какви амандмани, а непотпишувањето и по прегласувањето може да се смета за сериозно прекршување на уставните надлежности.

Веќе е извесно дека ако дојде до ова сценарио, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го испрати договорот во Службен весник и без потписот на Иванов, со цел да почнат процедурите за распишување на предвидениот референдум, а мнозинството веројатно ќе поведе постапка за одговорност на Претседателот.

Откако законот ќе биде објавен во Службен весник, ќе се смета дека тој е веќе на сила, што значи ќе може и да биде оспорен пред Уставниот суд. Вакви најави веќе има од повеќе поединци и партии..

Тука исто така има дилеми, дали Уставниот суд смее да оценува меѓународен договор.

Дел од правниците се повикуваат на членот 118 од Уставот и толкуваат дека такво право нема. Според овој член, сите договори што се ратификувани согласно Уставот, се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Но, има правници кои го сметаат и спротивното, а како аргумент го користат преседанот од 2002 година, кога Уставниот суд го укина договорот со Грција за нафтоводот.

Тогаш судиите се повикале на надлежноста што им ја дава членот 110 од Уставот,

Според кој Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Која од двете варијатни ќе превагне овој пат останува да видиме.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер