Кога ПЈРМ ќе стане Северна Македонија во Обединетите нации?

Дали ратификацијата на договорот со Грција во Собранието е доволна за нова резолуција на Советот за безбедност, со која референцата „Поранешна Југословенска Република Македонија“ ќе биде заменета со името „Република Северна Македонија“? 

Оваа дилема се отвори откако во јавноста се проширија толкувања на одредени експерти дека веднаш штом пратениците го изгласааат договорот, Нимиц веднаш ќе ја започне процедурата, без да се чека потпис од претседателот Иванов, исходот од референдумот и уставните измени..

Но, Договорот е сосема јасен – тој ќе стапи на сила дури откако ќе Македонија ќе ги заврши уставните измени и за тоа ќе ја информира Грција, а таа без одлагање ќе ја ратификува спогодбата во Парламентот и во рок од две недели за тоа писмено ќе ја информира Македонија..

Оваа Спогодба ќе влезе во сила на датумот на прием на последното известување од односната Страна. – стои во точката 3 од членот 20 посветен на завршните одредби.

Во точката 5, пак, децидно стои дека разликите околу името наведени во Резолуциите 817 и 845 на ОН ќе се сметаат за решени по влегувањето во сила на Спогодбата. Ова значи дека дури откако и грчкиот парламент ќе го ратификува Договорот, ќе започне процедурата за нова резолуција на Советот за безбедност.

Во точката 6 е дефинирано:

-Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа Спогодба, Страните или една од Страните ќе го извести Генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа Спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации.

Со договорот и двете страни се заштитени – ако Македонија не ги исполни обврските, Грција нема да го ратификува договорот. Ако пак, Македонија ги исполни, а Грција сепак не го ратификува, тогаш Спогодбата се уште ќе се смета дека не е стапена на сила.

-Доколку оваа Спогодба не влезе во сила, оваа Спогодба, во целост и секоја нејзина одредба поединечно, нема да имаат никакво дејство или примена, ниту привремена, ниту било каква друга и истата нема да на било кој начин да ја обврзува било која од Страните. –стои во точката 4 од завршните одредби.

Од македонската Влада велат дека во оваа фаза, медијаторот Нимиц само ќе ги информира Обеденетите нации за постигнатата Спогодба, но без започнување на било каква формална постапка.

Ратификацијата на Договорот во Собранието сега ќе произведе само обврска за Грција – да ги информира НАТО и ЕУ дека името веќе не е пречка за интеграциите.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер