Мажот на шпанската принцеза за пет дена во затвор

Судот во Палма де Мајорка му даде на Ињаки Урдангарин, мажот на шпанската принцеза Кристина, рок од пет дена да почне да ја служи затворската казна од пет години и 10 месеци.

Судот пресуди дека Урдангарин е виновен за измама и затајување на данок, но го ослободи од обвинението дека фалсификувал документи, пренесува „АП“.

Ињаки Урдангарин, кој со шпанската принцеза Кристина и нивните четири деца живее во Швајцарија, се појавил пред судот во Палма де Мајорка за да му биде соопштено кога ќе почне да ја служи казната, пренесува „Ројтерс“.

Шпанскиот Врховен суд ја подржа пресудата на понискиот суд, со која сопругот на шпанската принцеза Кристина е осуден на скоро шест години затвор, намалувајќи му ја казната за пет месеци.

Судот во Палма де Мајорка го осуди Урдангарин во 2016 година за злоупотреба на јавните средства, злоупотреба на моќта, измама и затајување на данок.

Врховниот суд ја потврди пресудата дека принцезата Кристина имала корист од кривичните дела кои ги направил нејзиниот сопруг и одредена и е парична казна.

Ињаки Урдангарин е поранешен шпански ракометар, а принцезата на Шпанија ја запозна во 1996 година на Олимписките игри во Атланта. Година дена подоцна се венчаа.

Италија ќе го ратификува договорот за придружување на РСМ кон НАТО

Горниот и долниот дом на италијанскиот Парламент до крајот на овој месец или до почетокот на април ќе го ратификува договорот за придружување на Република Северна Македонија во НАТО.

Тоа го најави потпретседателката на италијснаскиот Сенат ,Паола Таверна и потпретседателот на Домот на пратениците , Еторе Росато на средбата со претседателот на Собранието , Талат Џафери , кој учествува на 16. конференција на претседателите на парламентите од Јадранско- јонската иницијатива , што се одржува во Будва, Црна Гора.

Италија ќе продолжи со поддршката на земјите од Западен балкан и во нивнтие напори да зтанат полноправни членки на ЕУ , рече Таверна.

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – еден повреден (ВИДЕО)

Вечерва на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил се случи тешка сообраќајна несреќа.

Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф , кое се движело по улицата Скупи , Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел , велат очевидците. Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките , додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место , а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.

Зошто француската министерка за европски работи го нарече својот мачор – Брегзит

,,Секое утро ме буди со мјаукање дека сака да излезе надвор , а кога ќе му отворам , стои неодлушно” , така се пошегува француската министерка натали Лоазо со маката на Британците.

Француската министерка за европски работи , Натали Лоазо објасни зошто својот мачор го нарекла Брегзит , саркастично коментирајќи ги мачните обиди на Британија да ја напушти Европската Унија.

,,Да , мислам дека треба да имам одредена доза на хумор , за овие денови да се справувам со Брегзитот, не само јас туку у моите соработници.” , вели министерката Лоазо пред почетокот на разговорите на министрите за Брегзит , што се одржа во Брисел.

Таа објасни зошто на фејсбук објавила фотографија со мачорот , кого го нарекла Брегзит.

,, Секое утро ме буди со бесконечно мјаукање зашто сака да излезе, а кога му ја отворам вратата тој стои неодлучен и лошо ме гледа кога ќе го пренесам надвор.” , вели Лоазо , која порача дека е крајно време да се знае што конкретно ќе преземе Лондон за да го почитува договорот и да излезе од Унијата.

притисни ентер