Агросоветот ќе одлучува дали да се откупат 12.000 тони домашна пченица за стоковните резерви - Канал 5

Агросоветот ќе одлучува дали да се откупат 12.000 тони домашна пченица за стоковните резерви

Пченицата да биде заштитена со минимум 12 денари за килограм, а стоковните резерви да почнат со откуп на 1 јули, наместо во октомври или ноември кога веќе нема да има лебно жито, бараат земјоделците. 

Агросоветот ќе одлучува дали да се откупат 12.000 тони домашна пченица за стоковните резерви

Тие годинава очекуваат добар род и квалитет, но се сомневаат дека откупувачите ќе им понудат соодветна цена.

Мелничарите, пак, не спомнуваат бројка, но се децидни дека ќе откупуваат според потребите и пазарната цена која во моментов, велат, никој не знае колкава ќе биде.

Минатата недела, на последниот состанок во Министерството за земјоделство, сите три страни, МЗШВ, преработувачите и производителите, се согласиле околу предлогот државата да откупи 12.000 тони пченица за стоковните резерви. Овој предлог ќе биде една од точките на дневниот ред на денешната седница на владиниот Комитет за земојоделство и безбедност на храна (Агросоветот). Ако предлогот се усвои, ќе почне постапката за јавна набавка што, според МЗШВ, ќе биде мотив мелничарите да откупуваат домашно жито, а цената ќе зависи од јавното наддавање.

- Повторна средба со откупувачите е предвидена, но добра цена од нив и годинава не очекуваме. На минатиот состанок нивната прва понуда беше пет до седум денари што е апсурд и не доаѓа предвид. Подобро да го запалам родот, отколку да го дадам за таа цена, вели Мемет Синани, производител од Полошко, кој располага со околу седум хектари пченица.

Тој порано жнеел по 20 дена со два комбајна, а сега целиот процес го завршува за пет до шест дена за што му е доволен еден комбајн.

- Производителите не бараат којзнае колку, туку денар или два. Од 330.000 тони произведени пред некоја година кога имавме добра цена, лани се сведовме на 170.000 - 180.000 тони. Зошто производството е преполовено? Затоа што нема цена, нагласува Синани.

И Асоцијацијата на земјоделци смета дека треба да има т.н. препорачана цена за пченицата која не смее да биде под 12 денари, независно што годинава родот и квалитетот се добри.

- Не знаеме колку ќе ни дадат мелничарите зашто уште нема никаков договор, но како секоја година, дражавата треба да го плати остатокот до 12-те денари со субвенции. Се прават разни математики, дека не ни се потребни дополнителни субвенциии зашто имало добар род. Но, тоа не е во ред. Така не бива. Добрите приноси и квалитет не значат дека не треба да добиеме 12 денари за килограм, изјави претседателот на Асоцијацијата Ефтим Шаклев.

Според него, има и такви калкулации кои велат дека производните трошоци се девет денари за килограм, па толку треба да биде и цената на пченицата.

- Не може да бидеме задоволни само ако ги покриеме трошоците. Треба ли нешто да јадеме, да купиме обувки, да ги школуваме децата?. Ако не сме во право, погледнете што се случува, праксата покажува. Селата масовно се ислеуваат, младите си одат, реагира Шаклев.

Негова оценка е дека само со медијаторство на Министерството може да се постигне некаков договор и тоа што е догооврено, да се почитува. Синани, пак, е со спротивно мислење. Иако Министерството за земјоделство постојано ја следи состојбата, последниве години скоро никогаш не се нашло решение.

- Нашиот став е дека ќе откупуваме по пазарна цена и според потребите во моментот. Тоа го соопштивме и на средбата во Министерството. За цена не се изјаснивме, не стана воопшто муабет за тоа зашто никој не може да знае колкава ќе биде пазарната цена, изјави Моме Велковски од „Агромел“.

Мелничарите биле на средба и во Агенцијата за стоковни резерви за да кажат со колкави капацитети располагаат и дали можат да им помогнат на земјоделците за складирање.

- Ако се усвои предлогот стоковните резерви да откупат 12.000 тони пченица, почнува постапката за јавна набавка. Тоа ќе биде мотив мелничарите да откупуваат домашно жито кое ќе го понудат на стоковните резерви. Првпат ќе се даде можност да има и помали лотови за земјоделците сами да можат да ја понудат пченицата на стоковните резерви. Цената по која ќе се откупува пченицата од стоковните резерви ќе зависи од јавното наддавање, информираат од МЗШВ за МИА и додаваат дека на последната јавна набавка цената на пченицата била 14 денари.

Од Министерството нагласуваат дека откупот на 12.000 тони пченица за стоковните резерви ќе поттикне зголемување на откупната цена.

МЗШВ наскоро ќе излезе и со пресметките за производната цена на годинашното лебно жито. /МИА

Годинава се очекува родот на пченицата да достигне 200.000 - 250.000 тони. И квалитетот треба да е добар. Но, речиси сите површини, како што информира Синани се зафатени со болеста 'рѓа што се очекува можеби малку да влијае на приносот, но не и на квалитетот зашто зрната се веќе во полна зрелост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договор

Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор информираат од ресор

Панел-дискусија за годишнината од охридскиот договор

Охридскиот договор е потпишан на 13-ти август 2001 година и со него запре неколкумесечниот конфликт во Македонија. Токму во деновите пред потпишувањето меѓу 8-ми и 12-ти август, се случија и некои од најкрвавите настани во текот на конфликтот - нападот на конвојот на армиските сили на автопатот Скопје - Тетово кај месноста „Карпалак, случајот „Љуботенски бачила“, а потоа и полициската акција во Љуботен.

Договорот постави рамка за унапредување на меѓуетничките односи, еднаквоста и учеството на заедниците во политичкиот и општествениот живот.

По четврт век, Охридскиот рамковен договор и натаму е еден од клучните политички документи во современата историја на земјата, но неговата имплементација и денес е предмет на политички дебати и различни толкувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата

Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. 

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата

Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја.

По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште еднаш ја потврдува својата заложба младите да бидат во фокусот на образовните политики и реформите, како најважен ресурс за развој на државата.

Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството.

Особено внимание посветуваме на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал. Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања.

Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите.

Честит 12 Август - Меѓународен ден на младите!

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и Жерновски

Народот вели: една фотографија –илјада зборови.

ВМРО-ДПМНЕ: Силно светна ден во Битола, но му се стемни на талогот Филипче и Жерновски

А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста во Битола, насловена „Силно светнал ден“.

Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев.

Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДС, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. Така, уште еднаш, народот го порази талогот кој оркестрирано ја опструираше прославата.

Филипче доби уште една порака од народот.

Ова не е прослава ниту на СДС, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа прослава им припаѓа на граѓаните.

А народот ја испрати својата порака.

Пораката е во продолжение – на фотографиите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер