Заев: Договореното име Република Северна Македонија преведено на сите јазици

Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот, што го постигнаа Македонија и Грција во процесот на преговорите за решавање на спорот за името.

Ова го соопшти вечерва на прес-конференција премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри во Владата.

- Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, име кое е достоинствено и географски прецизно, Република Северна Македонија, преводливо на сите јазици, рече Заев.

Двете клучни прашања за македонската страна во преговорите, употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира.

- За националноста, ќе стои терминот „македонска/граѓанин на Република Северна Македонија“, а јазикот останува македонски, без фуснота..

Во македонскиот Устав ќе треба да се преформулира членот 49, кој предвидува грижа за „припадниците на македонскиот народ во соседните земји“.

Договорот, рече Заев, Ќе биде разгледан на владина седница в четврток и како што напомена можеби викендов или следните денови треба да биде организирана средба меѓу него и Ципрас. Напомена дека средбата како што беше најавувано можно да се случи во Мала Преспа, но оти се уште оваа информација не е официјална.

Откако договорот ќе биде потпишан од двајцата премиери, предвидени се следните чекори:

Ратификација на договорот во македонскиот парламент.

Доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише, повторено гласање.

Писмо од грчката влада до ЕУ и НАТО за почеток на пристапните преговори и покана за членство во НАТО, со услов да се направат уставни промени.

На Советот на министри за надворешни работи на ЕУ (25-26 јуни) и ЕУ Самитот (28-29 јуни) треба да биде даден позитивен сигнал за почеток на преговорите и покрај забелешките на Франција и Холандија, со поддршка од Германија.

На НАТО Самитот (11 јули) ќе биде доделена покана за членство на Северна Македонија, со услов уставни промени.

Писмо од владата на Заев до над 190 земји со кои Македонија има дипломатски односи дека името е променето во Северна Македонија за билатерална и меѓународна употреба.

Во периодот од јули до декември, владата на Заев ќе спроведе референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се пристапи кон уставни промени. Ако е негативен, има план „Б“ за предвремени парламентарни избори.

Откако целиот процес ќе заврши во Македонија, договорот ќе дојде на ратификација во грчкиот парламент и истовремено ќе биде ратификувано членството на Македонија во НАТО.

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер