Продолжува собраниската расправа за Извештајот на ЕК

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по годинашниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава.

Расправата почна вчера, откако најпрво се обрати вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, презентирајќи го Извештајот. Тој потенцира дека се приближува моментот на практична валоризација во однос на препораката за почнување преговори. 

- Сигурно на крајот ќе биде политичка одлука која е обременета и од политичкиот контекст во кој се наоѓаат земјава, регионот и ЕУ, но наша обврска е до крајниот момент да ја убедиме секоја земја членка  дека РМ го заслужува ова и оти заслужуваме отворање преговори, рече Османи. 

По оваа точка, на дневен ред на 47. седница се повеќе предлог-закони од областа на финансиите, социјалата, образованието, транспортот,..., како и неколку автентични толкувања. /МИА

Калеска -Ванчева: Пратениците во Собранието на Република Македонија ќе гласаат за усогласениот текст на реформскиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси

Денеска пратениците во Собранието на Република Македонија ќе гласаат за усогласениот текст на реформскиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Закон со којшто конечно Македонија ќе добие силна и независна институција за борба против корупцијата.

Пратеничката група на СДСМ и на Коалицијата не отстапи од ставот да добиеме квалитетна законска рамка, којашто ќе овозможи функционирање на стручно, целосно независно антикорупциско тело, оневозможувајќи какви било партиски притисоци и злоупотреби.

Новата Државна комисија за спречување на корупцијата добива сериозни надлежности во контролата на финансирањето на политичките партии и во време на изборна кампања, но и во следење на законитоста на нивното редовно финансирање.

Со новото законско решение се врши допрецизирање на одредбата која овозможува директен увид во банкарските сметки, но само по покрената постапка.

Се овозможува увид во базите на податоци од 17 институции, меѓу кои и МВР, УЈП, Катастар, Царина, Централен регистар, Комисија за хартии од вредност…

Особено треба да се нагласи зајакнувањето на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата. Се формира Секретаријат кој ќе обезбеди неспречено спроведување на надлежностите, се зајакнува финансискиот капацитет на Комисијата, но и на вработени за кои се обезбедува додаток на плата до 30 проценти.

Вака усогласениот Предлог закон кој, верувам дека денеска едногласно ќе го усвоиме, обезбедува строги и прецизни критериуми за избор на нов состав на ДКСК. Мора да се нагласи дека за прв пат во историјата на Република Македонија ќе имаме јавно интервју на кандидатите, кое ќе се пренесува на собранискиот канал.

Истовремено, создаваме услови за целосна департизација на ова тело, со тоа што се оневозможува секој кој имал каква било врска со одредена политичка партија во последните десет години да се кандидира за член на ДКСК.

Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а вклучени се и препораките на ГРЕКО, на експертските извештаи и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година.

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата е убедена дека преку конструктивен и ефикасен процес ќе избереме нов состав на Антикорупциската комисија, која непречено ќе го следи изборниот процес што следува.

Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата

Наставничка нападнала колешка во Кавадарци

 Наставничка нападнала колешка во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На ден 15 јануари 2019 година во Полициската станица  – Кавадарци педесет и четиригодишна жена од Кавадарци пријавила дека утрото, околу 08.30 часот, во наставничката канцеларија во училиште во Кавадарци, каде е вработена како наставничка, била физички нападната од нејзина колешка на возраст од 47 години, вели Додевски.

Тој не открива повеќе детали за инцидентот. 

Американец го преживеал 11 септември, но не и Најроби

Американскиот бизнисмен Џејсон Спиндер е еден од преживеаните во терористичкиот напад на Њујорк на 11 септември 2001 година, но немаше толку среќа да го преживее и нападот на џихадистите во Најроби, Кенија.

Џејсон ја основаше и управуваше фирмата Ај-дев интернешнал која е стационирана во главниот град на генија, а е еден од 14-те настрадани во завчерашниот терористички напад на луксузниот хотелски комплекс во Најроби, потврди неговата мајка.

Американскиот Стејт депатмент потврди дека меѓу настраданите има и еден американец, но не соопшти повеќе детали.

Два дена по нападот во хотелот во Најроби во кој загинаа 21 лице, црвениот крст на Книја соопшти дека деветнаесет лица сè уште се водат како исчезнати.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб со седиште во Сомалија, а опсадата на хотелскиот комплекс заврши со ликвидација на напаѓачите.

притисни ентер