Небото има нешто да ти каже: Одбери Месечина која најмногу те привлекува и дознај каква порака ти испраќа

Месечината, волшебна каква што и е, исто така може да ги дефинира одредените аспекти од вашиот живот.

Се што треба да сторите е да одберете ваша омилена Месечина и да ја прочитате личната порака која таа ви ја праќа.

Месечина број 1

Имате силни ментални способности и остри чувства за интуиција. Вие сте склони да ги “вагате”сите опции пред да донесете одлука, а тоа ќе ви помогне во иднина во областа на финансиите. Ќе видите зголемување на парите во сите аспекти на вашиот живот. Пресудите кои сте ги направиле во минатото предизвикуваа да се чувствувате изгубено, но ситуацијата ќе биде разјаснета и вашиот дух ќе биде опуштен.

Ова е добро време да прифатите нови предизвици кои ќе ви обезбедат просперитетна иднина. Овој економски напредок исто така ќе ви донесе радост и среќа, која мора да ја споделите со вашите пријатели и семејството.

Што се однесува до сентименталните работи, ова е одличен момент за љубов, голема е силата во воздухот. Изгледа како да е ова време за љубов и изобилство, прав благослов за вас.

Месечина број 2

Не треба да се коцкате – ниту со љубовта ниту со финансиите. Едноставно не е во ред. Ако сакате сигурност и доверба во љубовниот живот и во аспектите на финансиите, престанете да го ставате својот живот во туѓи раце.

Ова е време да почнете да се занимавате со себе си и да вложите труд за вашиот живот. Треба да бидете многу внимателни, затоа што ќе бидете склони на финансиски предавства, а вие во другите само ќе го видите најдоброто, дури и кога вистината, точно ќе биде пред вашиот нос.

Што се однесува до сентименталните работи, ќе доживеете страсна љубов во својот живот, но ќе мора да бидете подготвени да го отворите своето срце.

Месечина број 3

За неколку месеци, вашите приходи ќе се зголемат. Ова може да се должи на унапредување на работа, да биде производ на вашите напори или новите одговорности ќе доведат до добри економски стимулации.

Што се однесува до сентименталните нешта, во романтичните врски нема да има посебни проблеми. Тоа исто така, може да укаже на односи без обврска и одговорност – можеби е време да дознаете повеќе за себе.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер