Заев : Градиме квалитетни патишта за да им служат на многу идни генерации

Премиерот Зоран Заев заедно со министерот  Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов го означија започнувањето на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш.

Премиерот Заев и министерот Сугарески имаа прилика директно на терен да ги добијат сите потребни информации од надзорниот тим, од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, изведувачот и тимот којшто работи на терен за текот на градежните активности, се наведува во соопштението од Владата.

„Се работи за делница од 40 км. Овој потег којшто сега е отворен како прва фаза од изградбата на оваа делница изнесува 27 километри“, соопшти премиерот Заев во своето обраќање кон медиумите и граѓаните во кое зборуваше за важноста и значајноста на изградбата на оваа патна делница за граѓаните и развојот на економијата во источниот и југоисточниот дел на Република Македонија.

„Очекуваме до крајот на годината да финишира изградбата на автопатот Миладиновци-Штип од 47 км кој ќе се надоврза на ова патно решение од 40 км. И

во иднина планираме проширување на патната делница од Струмица до бугарската граница што буквално прави поврзување на Скопје, Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица со бугарска граница. Една значајна артерија во Република Македонија која ќе овозможи брз проток на луѓе и стоки“, порача премиерот Заев, и потенцираше дека струмичкиот регион има извоз од 120 милиони евра на раноградинарски производи, радовишкиот регион е некаде преку 40 милиони евра, штипскиот регион учествува во извозот со преку 100-тина милиони евра.

„Сето тоа е девизен прилив за граѓаните на Република Македонија и за билансната сметка на државата. Со едни вакви брзи делници кои ќе овозможат брзо пристигнување јас очекувам дека ќе се мотивира зголемување на протокот на стоки и зголемување на протокот на патници што е современа тенденција“, порача премиерот Заев и рече дека преку ваквите инвестиции се поддржува и капиталниот развој на државата.

Во тој правец премиерот Заев порача дека започната е градежна офанзива на неколку делници и дека паралелно се гради на проекти поврзани со железница, гасификација, а исто така со обезбедени 110 милиони евра од средствата од ТАВ, од резервите на јавните претпријатија од околу 25 милиони евра, од нови кредитни линии со кои ќе се градат нови водоводи и канализации, нови градинки и училишта низ повеќе општини во Република Македонија.

Премиерот Заев му посака успешна работа на тимот на изведувачот Штрабаг и порача дека нивната работа е многу важна бидејќи ќе остават квалитетен пат кој ќе го користат многу идни генерации на граѓани од Република Македонија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во својата изјава за медиуми ја истакна важноста на изградбата на овој експресен пат и сподели информации за планираните активности во источниот регион на Република Македонија.

„Владата на Република Македонија е исклучително посветена на одвојување на средства за источниот и југоисточниот регион. Во наредниот период планирани се 320 милиони евра за овој регион за изградба на патишта“, рече министерот Сугарски кој порача дека интензивно се гради на повеќе точки во Република Македонија на капитални проекти кои се однесуваат на железницата, гасификацијата, водоводи и канализации.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов детално го објасни процесот и планираните активности поврзани со изградбата на овој експресен патен правец.

„За прв пат во Македонија изведувачот ќе има обврска по завршувањето на патниот правец да го одржува. Тоа претставува новина“ информираше директорот Китанов.

Тој рече дека во рок од три години се очекува комплетирање на двете фази од изградбата на овој патен правец со што граѓаните од источниот и југоисточниот регион ќе добијат на користење квалитетен и брз експресен пат.

Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад над неговата ќерка

Татко на малолетна ќерка од скопско, во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје пријавил дека преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички.

– На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инцидент во Скопје поради улична трка (видео)

Денеска на подрачјето на град Скопје се одржуваше трка и поради тоа беа затворени неколку улици.

Поради трката и затворените улици, граѓаните не можеа да си ги извршуваат дневните обврски, па поради тоа имаше и нервоза кај некои од возачите.

Грчко МНР: Европскиот пат на Македонија и односите со Грција зависат од Договорот од Преспа

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција .

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Северна Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Северна Македонија“, новата претседателка на Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече „Македонија“.

- Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

-Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

притисни ентер