МакедонијаМакедонски традиционални производи пред европратениците во БриселЃорги Наумчевски е производителот чие вино, од македонската автохтона сорта „станушина“, се најде во кантитната на Европскиот парламент (ЕП) заедно со галичкиот кашкавал и медот од Македонската медоносна пчела.Наумчевски и претставниците од Слоу фуд Македонија во рамки на „Тера Мадре Балкан“ пред европратениците и вработените во ЕП ги претставија и слаткото од диви смокви, како и буковската пипер. Интересот за нашите производи беше голем, а приемот одличен. - Горд сум што можам само дел од Македонија да донесам и да претставам тука, во срцето на ЕУ. Очигледно е задоволството на вработените во Еврпскиот парламент од вкусот на нашето вино, кашкавалот, медот,... Гастрономијата е можеби подобар начин за поврзување на луѓето од политиката, изјави Наумчевски. Николче Николовски од Слоу фуд Македонија оцени дека речиси секој што дојде на штандот покажа интерес не само да проба од понуденото, туку и да слушне повеќе за регионот на потекло, начинот и технологијата на производство, уникатноста на вкусовите. - Станува збор за автентични производи кои се дел од нашиот идентитет како народ. Европратениците и вработените тука, во Европскиот парламент, беа пријатно изненадени од комплексноста на вкусот на Галичкиот кашкавал, свежината и овошниот сензорен профил на виното од Станушина, како и од медот од асоцијацијата „Макби“. Интересно е да се напомене дека ова се воедно ексклузивни производи кои не може да се најдат на пазарот во ЕУ поради повеќе законски пречки кои во натамошниот процес на интегрирање на Регионот во Унијата и со нашето делување заедно со институциите, ќе треба да се отстранат, истакна Николовски. Во Кантината на ЕП имаше уште осум штанда со традиционални производи од Србија, Хрватска, Бугарија, Романија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Косово. Според Геновева Руиз Калавера, директор за Балкан во Европската комисија, ваквите специјалитети ги приближуваат балканските земји до луѓето во Европската унија, а тоа е многу важно од економски аспект. Калавера истакна дека треба да се работи на јакнење на изворните капацитети за да можат сите да уживаат во производите. Традиционалните производи од Западен Балкан, како што беше оценето и на конференциите пред дегустацијата во кантитната на Европскиот парламент, може да бидат носители на економскиот и руралниот развој во регионите од каде потекнуваат, но во оваа насока е неопходна поголема институционална поддршка особено од аспект на регулативите, нивна флексибилност и прилагодување кон можностите на малите, традиционални производители. Дегустацијата на традиционалните производи во кантината на Европскиот парламент беше дел и од одбележувањето на Меѓународниот ден на биодиверзитетот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени..Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК. Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00