Стјуард направи забава за паметење (ВИДЕО)

Стјуард им приреди забава на патниците на Рајан Ер на летот од Џенова до Борнмут.

Стјуардот Паоло , откако со колегите им подели освежување на патниците , на неколку минути пред слетувањето заигра на пената на Бритни Спирс ,,Toxic”.Настапот го почна со соблекување на палтото , а потоа продолжи да игра до крајот на песната. Патниците , пријатно изненадени , го снинмаа невообичаениот настап.

,, Забавата ни ја најавија преку микрофон . Не можев да поверувам . Тоа се моменти што не ги гледаш од прва рака , туку само на интернет. На сите им се допадна , на крајот сите аплаудиравме .”изјави една од патничките.

Што и се случило на актерката Кејти Холмс ? (ФОТО)

Познатата холивудска актерка е снимена во Њујорк , каде шета по улиците со размачкана шминка и во нечист стар капут.

Иако Кејти Холмс е позната по тоа дека во слободното време се облекува и изгледа запуштено , сепак ги изненади своите фанови со фотографиите направени оваа недела во Њујорк.

Таа изгледа целосно исцрпено , додека во вторникот наутро излегува од такси. Носи чаша со кафе , нема фризура , со размачкана шминка и со подочници.

Кејти е облечена во тренерка и со стар капут , кој има дамки на грбот. Актерката се врати во Њујорк , откако последните неколку месеци ги помина во Њу Орлеанс , каде изнајми куќа со момчето Џејми Фокс , а таму заедно снимале филм.

Се шпекулира дека по петгодишната врска, планираат зимска венчавка во Париз.

Манекенки се разиграа на плажа во Мајами (ФОТО)

Канадската манекенка Даниела Кнудсон (29) е снимена во друштво на својата пријателка Јелена Цикоја на плажа во Мајами.

Девојките се забавуваа на плажата во друштво на кученцето на Јелена, Цали.

Даниела е позната манекенка со кампањи за познати модни брендови како H&M-a и Guess, а снимаше и едиторијали за магазините Sports Illustrated, Elle и Glamour.

Таа е девојка на познатиот тенисер Милош Раониќ . Јелена Цикоја е позната блогерка , родена во Штутгарт , а со партнерот Џое Вир , живее во Њујорк.

притисни ентер