Путин се надева дека состанокот Трамп – Ким сепак ќе се одржи

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва жали за откажувањето на средбата на Американскиот претседател Доналд Трамп и Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.

Тој го изјави ова на заедничката прес-конференција со Францускиот претседател Емануел Макрон по нивниот состанок во Санкт Петерсбург, објави Ројтерс. Путин изрази надеж дека состанокот на крајот ќе се одржи.

„Сите ние сметаме дека ова ќе биде почеток на ослободување на корејскиот полуостров од нуклеарно оружје. Се надеваме дека дијалогот ќе продолжи и дека средбата ќе се одржи“, додаде Путин.

Макрон, од своја страна, изјави дека Франција и Русија можат да одржуваат дијалог и да изнаоѓаат решенија за глобалните прашања како што е ситуацијата во Украина, на Блискиот Исток и во Сирија.

Тој додаде дека планира да дојде на некои натпревари на претстојното Светско фудбалски првенство во Русија и покрај шпекулациите дека немало да го направи тоа во знак на протест поради труењето на поранешниот Руски шпион Сергеј Скрипал во Британија.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер