Нова демократија бара Ципрас да одговори дали и понатаму се разговара за Илинденска Македонија

Молкот од гршкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса

Молкот од гршкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент „побара од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името Илинденска Македонија“.

- Ципрас два пати се направи дека не го слушна. Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса. Господинот Ципрас треба денес и јасно да одговори на прашањето на Нова демократија, вели Хаѕидакис во неговата изјава. /МИА

Помпео: САД сериозно го сфаќаат исчезнувањето на Кашоги

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека неговата земја сериозно го сфаќа исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Тој ова го изјави за време на престојот во Турција каде што разговараше со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Според него, Ердоган јасно рекол оти Саудијците соработувале со турската истрага. КАШОГИ последен пат бил виден како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул по документи во врска со неговата венчавка со една турска новинарка.

Телефонски разговор Заев-Ципрас по оставката на Коѕијас

Телефонски разговор по оставката на Никос Коѕијас имале премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. 

Според портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа.

- Премиерот контактира многу редовно со господинот Заев. Очигледно е дека премиерот на соседната земја нема да ги коментира внатрешните ситуации и внатрешната сцена во Грција, наспроти тоа, се согласија и го повторија она што им е на сите познато дека и двајцата работат за Балкан на 21. век и двајцата работат за имплементација и стапување во сила на Договорот од Преспа, рече Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчкиот весник „Авги“, кој важи за гласник на СИРИЗА, двајцата премиери разговарале за нов Балкан на кој преовладува мир, соработка и солидарност.

Информативниот портал „Ин“, пишува дека Ципрас го информирал Заев за она што се случило околу оставката на Коѕијас и за тоа дека тој лично го презема Министерството за надворешни работи, додека пак македонскиот премиер на неговиот грчки колега му ја пренел ситуацијата во Македонија за гласањето во собранието и позицијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. /МИА

Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики

САД ги поттикнуваат лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност за подобра иднина на земјата, вели ,меѓу другото, претставник од Стејт департментот.

САД ги поттикнуваат лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност за подобра иднина на земјата, вели ,меѓу другото, претставник од Стејт департментот во изјава за грчката новинска агенција АНА- МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, американскиот функционер, на прашањето за оставката на Никос Коѕијас, рекол дека „му се заблагодаруваат за покажаната особена посветеност за зајакнување на односите САД - Грција и за придонесот во постигнувањето на историскиот Договор од Преспа“.

- САД цврсто ја поддржуваат целосната имплементација на договорот, кој ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи за регионална стабилност, безбедност и просперитет. Бидејќи во македонското Собрание продолжува расправата за уставните измени ги поттикнуваме лидерите да ги надминат партиските политики и да ја искористи оваа историска можност за да се обезбедат подобра иднина за земјата како полноправна членка на западните институции, рекол претставникот на Стејт департментот за грчката новинска агенција АНА-МПА. /МИА

притисни ентер