НФФ бара откупната цена на пченицата да биде 12 денари

 Националната федерација на фармери (НФФ) бара минималната откупна цена на пченицата да биде 12 денари по килограм.

И договорите во кои ќе биде пишана и цената и рокот на плаќање да се склучат пред жетвата, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, како и државата да спроведе интервентен откуп на пченицата на 1 јули кога започнува жетвата.

Како што посочуваат од НФФ, нивната анализа покажала дека производната цена на пченицата за 2018 година изнесува околу 12 денари по килограм, а врз неа големо влијание имало поскапувањето на нафтата што, како што велат, повлече поскапување на сите репроматеријали.

- Во моментов земјоделците укажуваат дека квалитетот на пченицата е добар, а пролетните дождови позитивно влијаат врз родот и квлитетот. Од друга страна, загрижува информацијата дадена од млинарите дека нема да спроведат откуп на пченица доколку не се врати стариот Правилник за маркици за увозно брашно. Според земјоделците, ова е можна манипулација за повторно да се откупи пченицата по пониска цена од седум до 10 денари по килограм, како во минатите години, иако производната цена расте и се движи од девет до 12 денари по килограм, велат од НФФ.

Нагласуваат дека интервентниот откуп на пченица од домашно производство е законска одредба за пченицата која е стратешки производ во државата.

- Според Законот за земјоделство и рурален развој минималната количина која може да биде понудена од еден откупувач е 10.000 килограми, а максималната 50.000 килограми пченица, велат од НФФ.

Потсетуваат дека лани Владата на Србија донесе одлука на 27 јуни да започне интервентен откуп на пченица за државни стоковни резеврви со одредена цена и со рок на плаќање за 15 дена и инсистираат ваква пракса да се спроведе и во Македонија.

Според информациите на НФФ од терен, површините со пченица се намалуваат, бидејќи трошоците за производство се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Годинава се очекува родот на пченица да биде над 200.000 тони.

Националната федерација на фармери преку допис од пред еден месец побара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја свика Потсекторската група за жито и на заедничка маса да се разговара за откупот на пченицата. 

Мексико ги отвори границите за жените и децата – мигранти (ВИДЕО)

Илјадници мигранти од Хондурас и Гватемала се заглавени на јужната Мексиканска граница , каде полицијата ги спречуваше да влезат со солзавец.

Мексиканскиот амбасадор во Гватемала , Луис Мануел Лопез изјави дека мигрантите, жени и деца ,  биле регистрирани и ќе бидат пренесени во прифатни центри во централниот дел на земјата , во Тапачули.

Претседателот на САД , Доналд Трамп им се закани на мексиканските власти дека ќеја затвори границата , доколку земјата не се справи со илјадниците учесници во мигрантскиот марш од неколку земји од Јужна Америка.

Некои од мигрантите, со часови заглавени на мост меѓу Гватемала и Мексико скокаа , од мостот висок неколку десетици емтри во реката , за да допливаат во Мексико.

Таму се надеваат да добијат статус азил , по што можат да се пријават за бегалски статус во САД.

На протестот во Лондон против Брегзит 700 илјади, на контрапротестот 1200 (ВИДЕО)

Организаторите на протестот против излегувањето на Британија од ЕУ , соопштија дека во Лондон се собрале 700 000 демонстранти. На контрапротестот во Јоркшир , каде протестираа еуроскептиците , имаше 1 200 лица.

Маршот под иницијатива People's Vote го предводеа млади луѓе , кои немале можност да гласаат во 2016 , кога Британија на референдум се изјасни дека сака да излезе од Европската Унија. Пратениците од поголемите партии го подрржаа барањето на Британците за нов референдум , кој веќе е отфрлен од премиерката Тереза Меј.

Маршот се одржа во исто време со демонстрациите во Јоркшир , каде се изрази поддршка на излезот на Британија од ЕУ . Собиропт се одржа од иницијативата Leave means leave, која сака што побргу земјата да излезе од унијата.

На референдумит , 51, 8 проценти од Британците сакаа да излезат од ЕУ . Денеска овој процент е во корист на оние кои сакаат да останат. За излез од ЕУ и реферндумскиот резултат пресудни беа гласовите на Англија и на Велс. Т

огаш Шкотска со 62 проценти беше против излезот на земјата од Унијата , како и Северна Ирска , каде 55,8 проценти беа против Брегзитот.

Младите Британци денеска побараа нов реферндум , свесни дека ќе немаат можност за градење кариера , доколку Британија се одвои од ЕУ.

Поради сообраќајка затворен патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

Магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа меѓу две возила која се случила во местото викано Самоков, информираат од полицијата.

Од полицијата информираат дека досега нема пријавено повредени лица во сообраќајната несреќа.

Во тек е увид на сообраќајната полиција. Сообраќајот е затворен од 19.45 часот. 

притисни ентер