Надзорна расправа за природното и културното наследство на Охрид и охридскиот регион

 Прва надзорна расправа во овој состав на Собранието на тема „Закон за управување со светското природно и културно наследство во охридскиот регион и сродната регулатива во контекс на Конвенцијата на УНЕСКО.

За заштита на природното и културното наследство“ ќе се одржи денеска во организација на Комисијата за култура.

Надзорната расправа е на иницијатива на владејачкото мнозинство, но е поддржана и од пратениците од опозицијата.

На првиот ден на сослушувањето денеска, според информациите на МИА, се викнати и своето присуство го потврдиле министрите за култура, за животна средина и за транспорт и врски, Роберт Алаѓозовски, Садула Дураку и Горан Сугарески. Потоа професор д-р Донка Барџиева, експерт во заштитата на културното наследство, градоначалниците на Охрид и на Струга, Јован Стојановски и Рамиз Мерко, поранешниот прв човек на Струга, Зијадин Села и Александра Бујароска од НВО Фронт 21/42.

Сослушувања ќе има три дена, но не последователно, а поканети се вкупно триесетина сведоци, сегашни и поранешни раководни лица од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации од областите на културата и животната средина.

Статусот на Охрид, како град на листата на Светско наследство на УНЕСКО, е во опасност и градот може да биде ставен на листата на светско наследство во опасност. До 2019 година Македонија треба да направи повеќе активности за заштита на Охрид и Охридското езеро како светско културно и природно богатство.

Надзорната расправа всушност има за цел да обезбеди одговори од надлежните до каде е реализацијата на активностите, согласно нивните надлежности, во врска со идентификуваните проблеми во Извештајот за реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и одлуката на Комитетот за светско наследство од Краков 2017.

Сведоците се должни најдоцна три дена пред денот на одржувањето на седницата својот исказ да го достават до Комисијата за култура во писмена форма. На надзорната расправа пратениците може да постават и други прашања надвор од она што е добиено во писмена форма од сведоците, а нивните одговори ќе бидат временски ограничени. Доколку сведокот во моментот не располага со информации што се потребни за да одговори на прашањето, Комисијата може да побара да бидат поднесени во писмена форма.

Македонија треба да ја заврши реализацијата на активностите за заштита на природното и културното наследство до крајот на 2019 година за овој регион да остане на листата на Светско наследство на УНЕСКО.

Албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од еден милион долари

Уапсени двајца Италијанци.

На граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, албанската полиција запленила фалсификувани чекови во вредност од милион долари.

Уапсени се двајца италијанските државјани во чиј автомобил биле откриени фалсификуваните чекови.

Фалсификуваните чекови се одземени како материјален доказ заедно со возилото, 1700 евра, печати и два мобилни телефона и се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Скадар за понатамошни дејствија. /МИА

Легендарната бразилска фудбалерка Марта заминува во пензија

 Најдобриот стрелец во историјата на Бразил во машки и женски фудбал, 38-годишната Марта, одлучи да се пензионира оваа година.

Марта, која од 2017 година настапува за американскиот клуб Орландо Прајд, изрази надеж дека пред повлекувањето од фудбалот ќе може да настапи на претстојната Олимпијадата во Париз.

„Ако одам на Олимпијадата, ќе уживам во секој момент, бидејќи, без разлика дали ќе бидам во Париз ова ми е последна година со репрезентацијата, изјави Марта во интервју за Си-Ен-Ен.

„Од 2025 година Марта повеќе ќе ја нема во репрезентацијата. Многу сум смирена поради тоа бидејќи со голем оптимизам гледам на развојот на спортот што го имаме во однос на младите спортисти“, додаде таа.

Марта, позната како „Кралица Марта“, е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 116 гола на 175 натпревари. Таа е и најдобар стрелец на женските мундијали со 17 голови. /МИА

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

притисни ентер